Онлајн платформата за филмски рецензии Rotten Tomatoes соопшти дека се здружува со TikTok за да им овозможи на корисниците полесен пристап до кинематографски содржини и информации.
Сега, доколку корисниците на TikTok сакаат да прикачат видео за некој филм или серија, тие ќе можат да интегрираат одредени содржини од Rotten Tomatoes преку интеграционата алатка за поврзување со други апликации ‘Jumps’ која е вградена во TikTok.
„Филмовите и ТВ клиповите и кратките аудио семплови се многу популарни на фидот ‘For You’ на TikTok, при што коментаторите често бараат повеќе информации за содржините што ги откриваат. Со новиот Rotten Tomatoes Jump на TikTok, креаторите ќе може лесно да се информираат и да ја забавуваат публиката преку пристап до вистински трезор за филмски, телевизиски и други стриминг содржини, видеа, информации, рецензии и многу повеќе на Rotten Tomatoes“ – се посочува во соопштението на веб-сајтот за филмски рецензии.
Слични партнерства, TikTok има претходно остварено со Quizlet, BuzzFeed, Jumprope и Wikipedia, овозможувајќи им поголем пристап до публиката на милениумците и генерацијата „Z“.