Во време кога светот се чувствува поподелен од кога било, Дојче Телеком ја лансираше својата нова Божиќна кампања насловена: “Connections begin when barriers break” („Конекциите започнуваат кога ќе се рушат бариерите“). Компанијата сака да инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето дека со тоа што ќе допрат до другите – и покрај нивните разлики – тие можат да најдат заеднички јазик.
Во свет кој изгледа поповрзан од кога било, поединците се парадоксално поподелени. И покрај тоа што ја делат истата планета, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, прифаќајќи ги само оние што изгледаат, мислат и се однесуваат како нив. Оваа растечка поделба ја слабее колективната способност за разбирање и прифаќање на различноста.
„Како бренд, сакаме да ги поврземе луѓето. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека е важно и можно да се урнат бариерите во нашите умови“ – објаснува Улрих Кленке, бренд директор во Дојче Телеком. „Нашата компанија е посветена на социјалната кохезија и поголема толеранција. Таа на ниту еден начин не толерира омраза и потпалување, дискриминаторски дејства, расизам и екстремизам. Ние се залагаме за она што ги поврзува луѓето, општествата и културите.“
Поврзаноста започнува кога ќе се рушат бариерите
Божиќниот филм ги носи гледачите во волшебна, модерна бајка. Ја раскажува приказната за две млади девојки, кои навидум живеат во различни светови, разделени со стакло. Како и зошто, откриваме дури подоцна во филмот. И покрај разделбата, тие влегуваат во блиско, безгрижно пријателство. Нивната емотивна, детска отвореност и љубопитност триумфираат над невидливите бариери на предрасуди и напнатост што општеството ги изградило меѓу нив. Тие покажуваат дека поврзаноста е возможна и во најтешките околности. Но, зошто треба да биде толку тешко да се поврзете? Што ако ги срушат бариерите на предрасудите и дозволат нивното пријателство да процвета, без разлика што мисли општеството околу нив? Ова е нивната шанса да дознаат.
Приказната се развива до моќен момент кога девојките разменуваат божиќни подароци, сфаќајќи дека цело време ја имале истата идеја. Едната девојка подарува цигла, другата камен, симболизирајќи го нивниот заеднички план да го скршат стаклениот ѕид, еднаш засекогаш.
Сцената се одзумира за да видиме два снежни глобуси, кои ги симболизираат општествените бариери што ги создаваме за да се дистанцираме едни од други. Бариерите, прикажани преку снежните глобуси, сега конечно се скршени, ставајќи крај на физичката поделба и означувајќи го почетокот на вистинското поврзување.
Божиќна кампања во десет европски земји
Кампањата ќе се реализира во европските земји каде е присутен Дојче Телеком, вклучувајќи ги Австрија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Германија, Полска, Романија, Чешка и Унгарија. Божиќната реклама ќе се емитува во верзија од 120, 60, 45, 40, 35 и 15 секунди на ТВ каналите со голем досег и во кината. Други компоненти на кампањата се локално приспособливи огласувачки материјали за печатени и дигитални медиуми, надворешни реклами, социјални медиуми, содржини во продавници и брендиран репрезентативен материјал.
Агенцијата MUW Saatchi & Saatchi од Братислава беше одговорна за креирањето на кампањата. За продукцијата беше задолжена Armada Films. Спотот го режираше наградуваниот германски режисер Алекс Феил. Нему му помагаше Мортимер Хохберг како директор на фотографија. Музиката е компонирана од германското студио Supreme Music.