“Виолета“, регионалниот лидер во производство и развој на производи за одржување на хигиена, одлучи со својот пример да ја предводи промената во пристапот на развојот и обликувањето на амбалажите на производите на нашите простори
Со оглед на влијанието на производите за широка потрошувачка врз животната средина и одржливоста на животната средина, брендот “Виолета“ одлучи да биде лидер на пазарот кога станува збор за еколошката одржливост на амбалажите на спакуваните производи.
Според најновите расположливи податоци на Евростат, просечниот граѓанин на ЕУ со својата потрошувачка произведува дури 169,7 кг отпад годишно, кој се генерира само од исфрлената амбалажа и непотребното пакување на производи за широка потрошувачка. Севкупно, ова би значело дека граѓаните на ЕУ произведуваат над 80 милиони тони отпад само заради лошо, нефункционално или немарно дизајнирани пакувања на производите.
„Виолета“ ги сфаќа сериозно овие бројки и затоа одлучи да вложи дополнителни напори во дизајн и обликување на нови производи со цел да ги минимизира штетите врз животната средина.
Деновиве, полиците на сите продавници во Хрватска се полни со првиот производ на “Виолета“ дизајниран за зачувување на животната средина. Се работи за тоалетна хартија, производ кој на сите ни е потребен и за кој не размислуваме премногу. “Виолета“ одлучи да ја спакува својата нова тоалетна хартија во употреблива вреќа за отпад. Кога веќе ја фрламе амбалажата зошто да не ја искористиме како вреќа за ѓубре.
Пакувањето на новата тоалетна хартија на “Виолета“ е дизајнирано целосно како и секое друго пакување на овој производ, освен тоа што има интегрирана и типична лента за затворање, каква што има и на вообичаените вреќи за фрлање на отпад. Со оваа мала интервенција на пакувањето, се создаде навистина одличен производ – производ со мисија.
Новата тоалетна хартија на Виолета со двојна намена, има потенцијал да го намали вкупното производство на отпад на годишно ниво за 10.552 кг. Можеби тоа е мал чекор, но тој е првиот во одговорна насока.
Од самиот почеток, хрватската агенција Saatchi & Saatchi учествуваше во развојот на идејата и дизајнот на пакувањето. Наместо стандардниот брендинг и комуникациска кампања, какви што редовно се прават при лансирање на производи, Saatchi & Saatchi предложи амбалажата да биде главниот комуникациски канал.
„Во оваа пригода, не сакавме да користиме стандардни методи за брендинг, смисливме убаво име и составивме уште едно лого со „еко“ илустрација или симпатичен хипстерски слоган, но ја сфативме важноста и различноста на овој производ бидејќи се разликува од сите останати во нашиот и светскиот пазар. Се обидовме да создадеме бренд со мисија да ја подигнеме свеста на јавноста, но и на нашата индустрија за влијанието на производите за широка потрошувачка, но и на самите брендови врз животната средина“, изјавија од Saatchi.
Истовремено, од “Виолета“ најавија дека ова е само прв во низата планирани производи кои еден за друг ќе работат за да се зголеми оваа јавна свест.
Пакувањата и амбалажите се осудени да завршат во ѓубре, па доколку е тоа така, зошто и ние самите не ги искористиме како вреќи за ѓубре. Се надеваме дека овој пример на Виолета ќе ги охрабри другите производители да започнат да размислуваат за влијанието на нивните амбалажи врз животната средина, а потрошувачите да размислуваат за употребливоста на секоја амбалажа како средство за одлагање на отпад, бидејќи таквите можности се многубројни.