“Пребарувачот за бебе” им овозможува на родителите да читаат битни информации а истовремено да им обезбедат и стимулативни содржини на своите најмили.
Saatchi & Saatchi Полска во соработка со водечкиот полски сајт за родителство Rodzice.pl, ко-лансираше “Baby Browser – Пребарувачот за бебе”, додаток за Google Chrome кој им овозможува на родителите да читаат било какви содржини на Интернет (освен на социјалните мрежи) а во исто време покрај текстот да им бидат прикажувани и слики кои го стимулираат мозокот на нивното бебе.
Младите родители, посебно оние кои за прв пат се наоѓаат во таа улога, се желни за информации за родителството но често немаат време да се уклучуваат на Интернет и да пребаруваат постојано за тие теми.
Без да го жртвуваат своето време може да дојдат до корисни информации побрзо од кога и да било до сега со помош на овој пребарувач.
Овој бесплатен додаток за Google Chrome креиран е во соработка со детски психолози на основа на бројни истражувања за тоа како децата ги гледаат боите и облиците во првите две години од својот живот.
Финалниот резултат е изгледот на страницата за пребарување на која се прикажани слики во различни графички облици во црвена, црна и бела боја- научно докажани како најпривлечни бои за мозокот на бебето. 90% од визуелните способности на бебето се појавуваат во текот на првите 6 месеци, а нивниот развој може да се подобри со ваков тип на стимулации.
Родителите потребно е да го инсталираат бесплатниот додаток за пребарувачот и со тоа тој ќе се пронајде на менијата на нивните компјутери. Откако ќе се лансира тој веднаш води кон текстуална содржина (без разлика на земјата и јазикот на пребарувачот) и притоа се надополнува и со одредени графички анимации.
Piotr Osinski и Patrycja Lukjanow, креативниот тим кој стои зад овој проект нагласуваат дека во негата на бебето клучна е и комуникацијата со помош на ниви канали.
Baby Browser може да се превземе од следниот ЛИНК
Директорот на сајтот Rodzice.pl, Artur Vigriz додава: “Умереното користење на Baby Browser-от е одличен начин за потикнување на развојот на бебето и може да ви сочува голем дел од вашето драгоцено време затоа што на родителите потребни им се корисни и важни информации .”