Прашање: Што прават Македонци кога ќе дојдат на Голден Драм?
Одговор: Растураат !!!
Сачи&Сачи Скопје дел од Публицис Македонија е прогласена за најдобра агенција во Адриатик регионот на овогодинешното издание на Голден Драм, а нејзиниот креативен директор Василије Ќорлука е добитник на признанието Golden Watch за Најдобар креативен директор на фестивалот.
Кампањата “Sea Hero Quest“ на Сачи&Сачи Скопје која годинава нанижa награди на сите фестивали низ светот каде што се појави, доминираше и во Љубљана, освојувајќи 2 Гранд При награди (во категориите Mobile и Activation programme) и 3 злата (во категориите: Digital, Branded Content и New or innovative ).
Сребро во категоријата Press за својот проект “Makes bitter sweeter” работен за клиентот АД Европа доби и Њу Момент Њу Идеас од Скопје.
Вкупно 72 сребрени “барабани”, 42 златни “барабани” и 15 Grand Prix награди беа доделени на најдобрите кампањи оваа година. Целата листа на добитници, можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Со 169 поени, McCann Worldgroup беше наградена со Golden Net наградата за најуспешна агенциска мрежа на фестивалот.
Агенцијата Publicis Romania/Publicis One ја доби Golden Rose наградата за најуспешна овогодишна агенција со вкупно освоени 109 поени. Агенцијата Voskhod од Русија ја доби Tartini наградата за најуспешна независна агенција со освоени 83 поени а Ural Music Night ја доби Golden Drum Brand Grand Prix наградата со 68 поени.
Во категоријата на специјални награди, во Best Piece одделот, Golden Drum Adriatic наградата се разбира беше доделена на агенцијата Saatchi&Saatchi Macedonia/Publicis One за Sea Hero Quest. Silver Drum Adriatic наградата беше доделена на Imago Ogilvy за Wing of Love, додека пак McCann Beograd ја доби Bronze Drum Adriatic наградата за Lav Popcorn.
Во Best Practice секцијата, Golden Drum Adriatic Award повторно ја освои Saatchi&Saatchi Macedonia/Publicis One за “Sea Hero Quest“. Silver Drum Adriatic Award ја доби McCann Beograd за “Lav Popcorn“, а на Saatchi&Saatchi Belgrade/Publicis One им беше врачена Bronz Drum Adriatic Award за “The most important call in your life.“
Повторно македонска доминација и на подиумот при доделувањето на Ljubljana Poster наградите: Првото место го освои – Цветан Александров за Ljubljana is sport од Бугарија. Второто место им припадна на – Дијана Димитреивска, Деница Бојаровска и Нино Илиевски за BeTheBeat_mockup од Македонија и третото место за нај постер го освои Дијана Димитриевска за We are one од Македонија.
На завршниот ден од Голден Драм во Љубљана денеска беа оддржани и повеќе презентации, а последната и според многумина најдобрата, оценета како шлаг на торатата, ја одржа нашиот Душан Дракалски кој зборуваше на темата “Time, dreams, plans and some sketches”.
Се’ на се’ ова е уште едно издание на Голден Драм кое ќе биде запаметено по одличната организација, феноменалните предавачи и целосната доминација на македонските креативци.