Познатиот моден магазин Vogue објави краток хумористичен филм за промоција на новото мартовско издание, во кој главната улога т.е. улоги ги толкува музичката ѕвезда Сабрина Карпентер, која воедно ја краси и насловната страница на новиот број.
Во четириминутниот спот, замислен како телевизиски прилог, младата поп-ѕвезда – под разни псевдовиними – се појавува истовремено како презентер, репортер, метеоролог и гостин во програмата, соопштувајќи ги најновите „вести“ од динамичниот свет на модата.
На еден хумористичен и самосвесен начин, Сабрина Карпентер ги адресира шпекулациите и критиките поврзани со нејзината јавна персона (и шеги за нејзината висина), притоа демонстрирајќи го и својот талент за глума, покрај музиката.
Краткиот филм е режиран од страна на Макс Бартик.