Global Engagement Center (GEC) е агенција во рамки на Стејт департментот која ги предводи и координира напорите на американските федерални власти во препознавањето, разбирањето, разоткривањето и борбата против странската пропаганда и дезинформациите.
Во рамки на мандатот доделен од Конгресот на САД, агенцијата го објави својот најнов специјален извештај кој прави преглед на проткаениот „екосистем“ на руската пропаганда.
Извештајот се фукусира на петте главни „столбови“ на руската пропаганда и како тие работаат во координација помеѓу себе, сé со цел мултипликација и максимизација на медиумскиот ефект.
Посебен акцент е ставен на култивирањето на локални прокси извори со про-руски карактер, кои применуваат тактики на меѓусебна интеракција и поткрепа со цел издигување на дезинформациите на едно повисоко ниво, создавајќи илузија на кредибилитет.
Целосниот извештај можете да се прочита на следниот линк.