Додека кај нас во Македонија маркетинг агенциите мака мачат да им објаснат на нивните клиенти дека буџетот за ТВ огласување треба пополека да го прелеваат во online (и прилично тешко им оди)….од САД за прв пат стигна информација дека online огласувањето веќе го надмина она на ТВ.
Приходите од огласување на интернет во Соединетите Американски Држави (САД) во 2013 година достигнаа рекордни 42,8 милијарди долари и за прв пат ги престигнаа приходите од телевизиско огласување, покажуваат резултатите од извештајот на ИАБ (Interactive Advertising Bureau).
Во истиот период (2013 година), огласувањето на телевизиските канали (напомена: во ова не е вклучен кабловскиот систем) донесоа приход од 40,1 милијарда долари.
Во однос на 2012 година, приходите од online огласување бележат пораст од 17% (тогаш изнесуваа 36,6 милијарди).
Мобилното огласување забележа повеќе од дупло поголем (110%) приход – >7,1 милијарда во 2013 година во однос на 3,4 милијарди во 2012 и тоа е веќе трета година по ред да бележи ист тренд на пораст.
Дигиталното видео донесе 2,8 милијарди долари приходи во 2013 година, што е пораст од 19% од претходната година. Ова резултираше да овој вид на огласување се позиционира на четвртото место по уделот кој го зазема.
Погледнете кои дигитални огласувачки формати имаат најголем удел во приходите од online огласување:
Овој извештај е базиран на истражувањто кое го спроведе PricewaterhouseCoopers – PwC. Истражувањето вклучува податоци кои се однесуваат на приходот од онлајн огласување на веб страни, онлајн комерцијални услуги и други компании кои продаваат услуги за online огласување.Извештајот излегува два пати годишно, со полугодишни и годишни резултати.
Целиот извештај за 2013 година можете да го преземете на следниов ЛИНК.