Американскиот моден бренд Converse ја претстави својата најнова кампања по повод Денот на вљубените, насловена “Love Me, Love Me Not” („Сакај ме, не ме сакај“), со моделот Алекс Консани во главната улога.
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во некој бар каде „питомата“ Алекс Консани, облечена во розово, осамено го чека својот партнер за Денот на вљубените. На нејзино изненадување, доаѓа нејзината „дива“ двојничка – облечена во црна кожна комбинација.
„Овој ден на вљубените, го превртуваме сценариото. Алекс Консани глуми во „Сакај ме, не ме сакај“ за да ја прослави двојноста на љубовта и убавината на самоизразувањето“ – истакнуваат од Converse.