Trainline –компанија за продажба на билети за возови има големи планови за развој на својот бизнис. Компанијата веќе продава билети преку својот веб сајт и мобилни апликации во 24 Европски држави, соработува со повеќе од 70% од Европските линии за возови и има повеќе од 48 оператори.
Компанијата основана е во 1997 како дел од Virgin Rail но се оддели од компанијата во 2002 година како самостоечки бизнис. Од тогаш компанијата рапидно се проширува, една од најновите инвестиции и беше купувањето на компанијата Captain Train во трката за да стане најголемиот дигитален продавач на билети во Европа.
Нејзината цел е да се етаблира како лидер за патување со воз, односно да стане компанија на која луѓето ќе побаруваат билети и ќе добиваат информации.
“Доколку е потребно да станеме единствената апликација за букирање на билети за воз кај корисниците на овие услуги тогаш би сакале да станеме новиот Uber за возови’’ – изјави новиот директор за маркетинг на Trainline за цела Европа- Lisa Bowcott.
“Клучно е да им покажеме на корисниците дека нема ниту една подобра компанија од нас во Европа која ќе ги разбере подобро потребите на своите корисници. Сакаме да им овозможиме ‘’инстант’’ комфор на нашите патници кога станува збор за патување со воз.
Bowcott се приклучи на тимот на Trainline во почетокот на овој месец и е првиот директор од ваков тип во компанијата (Европски директор за маркетинг) иако во Англија се случи Brexit.
Trainline сепак се развива како технолошка компанија а не како главно позиционирана фирма на полето на возниот сообраќај. Компанијата е 100% независна од индустријата затоа што се насочува кон откривање на потребите на потрошувачите со цел истите да немаат проблеми со одложување на лонии и им обезбедува постојано информации кои им се потребни. Во согласност со новиот маркетинг директор, технологијата е во јадрото на самата компанија и истата ќе се насочи кон нови иновации во периодот кој следи.
Trainline својата технолошка позиција ја прави совршена за маркетинг , порано компанијата правеше ТВ кампањи но не е постојано застапена на ТВ.
Bowcott која денес е маркетинг директор на компанијата својата кариера ја започнала во Procter & Gamble и BT пред да се приклучи на тимот на Havas. Во текот на кариерата била директор на стратегии на Saatchi & Saatchi. Сега кога е повторно во позиција на клиент , Bowcott верува дека маркетерите треба да имаат искуство и од двете страни – и од страната на агенциите и од страната на клиентите со цел подобро да го запознаат бизнисот.
Таа советува: “силно верувам дека за да се креира брилијантна маркетинг стратегија потребно е да се поседува добро разбирање на производот и на комерцијалните импликации од маркетингот но и како креативноста во овој дел сето тоа ќе го оживее комплетно. Со доживување на двете страни ќе успеете подобро да го разберете сето тоа и да ја подобрите својата позиција и од било која страна и да сте.