Новото истражување на Adobe може да послужи како повик за будење на многу бизниси.
Глобалното истражување на Adobe во однос на креативноста укажува дека инвестирањето во креативноста е доста важно. Бројните бенефити од истото се однесуваат на: зголемени приходи, продуктивност, компетитивност итн.
Во студијата на Adobe направена врз примерок од 5,000 возрасни лица во 5 држави, се поврзува креативноста со личниот и професионалниот успех. 85% од испитаниците од САД одговориле дека креативноста ги прави подобри лидери, родители и студенти. Луѓето кои се идентификувале себе како креатори глобално имаат поголем приход од 13% за разлика од оние кои не се изјаснале како такви.
Креативноста и продуктивноста одат едно со друго, инвестирањето во креативноста не е на агендата на денешните лидери, во овој дел можеме да забележиме дека постои јаз во креативноста.
‘’Ова истражување е голем повик за будење на многу бизниси кои потребно е да размислуваат поразлично и да им ја дозволат слободата и да им ги овозможат алатките на своите вработени со цел да бидат покреативни на работното место’’ изјави Mala Sharma заменик претседател на Adobe Creative Cloud. ‘’Инвестирањето во креативноста и дизајнот е добар начин на кој може да се работи бизнисот.’’
Што е потребно да знаете околу креативноста?
Креативноста генерира бенефити за креаторите, економијата и општеството.
Креативноста навлегува длабоко во секој аспект на општеството и веќе станува витална сила за финансискиот и економскиот успех.
77% од испитаниците во САД се согласуваат дека да се биде креативен е многу поважно за економијата и општеството.
Креативноста креира чувство на вредност кај секого. Креаторите е поверојатно за разлика од лицата кои не креираат да се идентификуваат себе како иновативни (+27% поени), лица кои решаваат проблеми (+11% поени) и среќни лица (+15% поени). Но само пет од десет респонденти (55%) се опишуваат себе си какокреативни додека пак 44% се изјаснале дека се доближуваат до својот креативен потенцијал.
Креативноста и дизајнот допринесуваат до подобро водење на бизнисот.
Придобивките од креативноста не се само за индивидуалци – претпријатијата може да имаат корист доколку им дадат приоритет на креативноста и добриот дизајн.
Повеќето од испитаниците од САД веруваат дека фирмите кои инвестираат во креативноста имаат поголема веројатност да поттикнат иновации (88 %), да бидат конкурентни (88 %), да обезбедат подобро искуство на клиентите (88 %), да имаат задоволни клиенти (89 %) и да бидат финансиски успешни (85 %).
Испитаниците, исто така, сметаат дека ваквите бизниси имаат поголема веројатност да имаат посреќни вработени (88%) и да ја зголемат продуктивноста на вработените (88%).
83% од испитаниците се согласуваат дека има зголемување на притисокот да бидат продуктивни отколку креативни на работа. . Повеќе од половина (57 %) велат дека само во изминатата година, платиле повеќе за производ или услуга, која имала добар дизајн.
Креативноста се поттикнува со помош на поддршката од страна на лидерите!
Како вашите верувања и ставови во компаниите во кои работите може да се споредат со ова истражување?
Доколку тврдите дека вашата компанија ја поддржува креативноста, немојте да си дозволите да мислите дека истото го мислат и вашите вработени. Испланирајте дијалог околу следните прашања со цел да ја ослободите креативноста во просторот за работа а со тоа да ослободите енергија која би можела да поттикне иновација.
1. Како лидерството во вашата организација ќе негува, промовира и снабдува фондови за зголемуање на креативните капацитети?
2. Како ќе ги надминете бариерите кои ја спречуваат креативноста на работното место?
3. Како ќе го надминете јазот помеѓу креативноста и продуктивноста?
4. Кои цели ќе ги поставите кога станува збор за креативни аутпути?
5. Како ќе им ставите приоритет и ќе финансирате нови идеи кои започнале од некој ваш вработен или пак клиенти?
6. Како ќе ја поттикнете креацијата на подобрен пристап кон корисничкото искуство во насока на градење на врски и зголемување на лојалноста на корисниците кон брендот?