Мексиканскиот бренд на ликер со вкус на кафе Kahlúa, во сопственост на Pernod Ricard, ја лансираше својата нова кампањата насловена “Stir Up” („Промешај“), инспирирана од драматичните латиноамерикански теленовели.
Главна ѕвезда во новата кампања на брендот е мексиканско-американската филмска ѕвезда Селма Хајек, која во промотивните спотови внесува доза на смелост, страст, сензуалност, но и малку претерана драматичност – како што е соодветно за популарните теленовели.
Кампањата се состои од серија на кратки спотови кои започнуваат со некоја навидум секојдневна и досадна ситуација, која набрзо „ескалира“ штом Селма Хајек или некоја друга актерка ќе настапи страсно на сцената.
Пораката на брендот до потрошувачите е да ја разбијат монотонијата, да внесат возбуда во своето секојдневие, и тоа почнувајќи со внесувањето на кафе-ликерот Kahlúa во своите коктели – како на пример е едно добро „еспресо-мартини“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Wieden+Kennedy, а режисер на спотовите е Родриго Валдес.