Поради големиот интерес за индивидуално учество, организаторите на првиот фестивал за иновации Innovate.X 2024 овозможија и опција за единечни карти.
Овозможени се само 35 карти за индивидуално учество на Innovate.X 2024, каде ќе имате прилика да бидете дел од продуктивната работилница на тема “AI and the Future of How We Connect with Our Customers”. Ќе имате прилика да дознаете што ни носат новите трендови и технологии и како влијаат на вашите клиенти и потрошувачи. Воедно ќе истражите нови алатки и методологии за забрзан раст и развој преку иновации.
Преку работилницата ќе се запознаете одблиску со Design Thinking процесот, придобивките од примената во вашата компанија со цел за усовшување на вашите работни процеси. Битно е да се спомене дека секој учесник ќе се стекне со Design Thinking сертификат.
Првиот фестивал на иновации, Innovate.X 2024 ќе се одржи на 28 и 29 мај во Хотел Мериот, Скопје.
Постојат 2 можности за вклучување, со пријавување на тим или пак со оваа ексклузивна понуда за индивидуално учество преку единечните карти.
На овој фестивал ќе имате можност да учествувате на работилници фасилитирани од повеќе од 10 Design Thinking тренери, а воедно ќе имате прилика да слушнете инспиративни говори на некоја од трите трендинг теми:
- Sustainable Future
- AI-Powered Innovation
- Marketing Technologies
Подгответе се да истражите нови алатки и методологии за забрзан раст и развој преку иновации. Пријавете се сами или со својот тим и обезбедете си карта по EARLY BIRD цена.