Чоколадото Ritter е единственото што во Германија може да се продава во карактеристичен квадратен облик, одлучи германскиот Врховен суд, одбивајќи ја тужбата од конкуренцијата
Судот смета дека квадратниот облик на чоколадото Ритер Спорт не е само плод на функционалност, туку и на креативен дизајн.
„За останатите производители на чоколади, не е пресудно да ги нудат своите производи во квадратна форма“, се вели во пресудата.
Со ова и официјално е отфрлена тужбата на компанијата Монделез, производител на чоколадото Милка. Со конечната пресуда, се стави крај на десетгодишна правна битка во која Милка побара да се укине ексклузивното право на Ритер за квадратниот облик на чоколадите.
„Среќни сме што и во иднина е осигурана заштитата на нашиот бренд, кој го негуваме со децении“, соопштија од компанијата Алфред Ритер од Валденбух во близина на Штутгарт.
„За нас, квадратниот облик на чоколадото има иста вредност како и виолетовата боја на амбалажата кај конкуренцијата“, додадоа во Ритер.
Ритер Спорт е основан во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога ко-основачот Клара Ритер одлучи дека чоколадиите мора да се вклопат во сечиј џеб, без да се скршат.