Светот е во опасност. Застрашувачки звук. Планетарна криза без преседан. Екранот се затемнува. Единствен излез? … Трчај!
Вака отприлика изгледа кратиот синопсис на новиот спот на Најк, кој се занимава со темата за филмовите за катастрофи. Овој спортски бренд претпоставуваше што може да се случи кога земјата би престанала да се движи околу својата оска.
Вистинскиот одговор на ова прашање е дека сите ние брзо би изумреле од ветровите чија брзина би се мерела во илјадници километри на час, благодарение на убиствените воздушни вртлози кои би ги создала инерцијата на самата планета. Но, верзијата на Најк на оваа приказна е далеку помалку апокалиптична и многу е позабавна.
Независната агенција Must Be Something и познатиот режисер Едгар Рајт , го направија овај забавен спот, кој вклучува голем број познати личности, како што се Коби Брајант, Кевин Харт, Бил Нај, Сади Синк, Џанис Антетокумпо и многу други.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=33&v=6MgmbV5SbsA