Жешката политичка ситуација во Македонија која во моментов жари со два исклучително важни предизвици: решавање на спорот со Грција и законот за јазиците, очекувано е доминантна и во медиумската понуда на прилози, анализи и дебати.
Доколку се анализираат ТВ емисиите кои третираат политика, воглавно дебатни, се забележува еден интересн тренд на постојан пораст на публиката која ги следи. Една емисија, меѓу другите, се издвојува со неверојатниот рејтинг и континуирано ги руши рекордите кои периодов самата ги поставува.
Станува збор за „Само Вистина“ која се емитува на Канал 5 ТВ и која вчера оствари рекорд од над 177.000 гледачи, со пик во еден момент од 223.000 гледачи, додека, за споредба, втората најгледана ТВ дебатна емисија имаше просечно по 33.000 гледачи ( “360 степени“ на Алсат-М телевизија).
Очигледно дека покрај жешките политички теми, и гостите кои дебатираат, постои дополнителен момент кој ги мами гледачите да останат пред ТВ екраните. Ако се анализира пристапот на подготовката и реализацијата на „Само Вистина“, може да се забележи дека има оригинални најави на ТВ и неколку социјални мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм), динамичен концепт на “блиско соочување“ со гостите, модератор кој знае да го препознае моментот за правилно насочување на дебатата и секако уникатен пристап на интегрирање на публиката од социјалните мрежи во самата дебата (коментарите кои се пушуваат во LIVE стримингот на ФБ се појавуваат и во емитувањето во живо).
Во оваа емисија се случуваат политички дуели кои досега не биле замисливи, што уште повеќе и даваат на значение како кај публиката, така и кај учесниците (пред се политичарите.) Сега останува да видиме дали во „Само Вистина“ ќе се случи и „дуелот на деценијата“ – Зоран Заев vs Никола Груевски или Христијан Мицковски и конечно и во Македонија да видиме соочување на челниците од двете најголеми политички партии :)
ТВ Станица
р е к л а м а
|
Политичка дебата | Датум | AMR |
SHR % |
KANAL 5 | SAMO VISTINA! | 19.03.2018 | 177,450 | 22.01% |
TELMA | TOP TEMA – NA VASHA STRANA | 19.03.2018 | 28,010 | 3.38% |
ALFA | BEZ RAKAVICI | 19.03.2018 | 29,378 | 4.58% |
ALSAT M | 360 STEPENI | 19.03.2018 | 33,131 | 4.94% |
24 Vesti | ANALIZA 24 | 19.03.2018 | 30,861 | 3.66% |