Кога е во прашање технолошката војна помеѓу Samsung и Apple, првите никогаш не избегнувале брутално да го нападнат конкурентот во своите реклами.
Минатата година, Samsung се исмеваше со малите врежувања во дизајнот на iPhone X, како и со озогласениот “Batterygate” скандал, со кој беше откриено дека Apple намерно успорува постари уреди преку софтверски ажурирања со цел да го продолжи животниот век не нивните батерии.
Овој пат, преку серија од четири реклами во кампања насловена како “Ingenious”, алудирајќи на техничката поддршка на Apple наречена “Genius”, Samsung се осврнува на некои дизајнерски и технички недостатоци на производите на Apple.
Во првата реклама, “Speed”, Samsung прикажува еден од “гениите” на Apple како се мачи да не признае дека Galaxy S9 има поголема брзина на симнување од iPhone X. Во втората реклама се исмева со надостатокот на обичен приклучок за слушалки, додека пак во третата со фактот дека уредите на Apple кои ја имаат можноста за “брзо полнење” не вклучуваат и “брз полнач” во пакетот. Во четвртата реклама, Samsung го нагласува поголемиот рејтинг кој камерата на Galaxy S9 го има на DxOMark во споредба со iPhone X.
Во продолжение погледнете ги четирите рекламни спотови: