Samsung ги продлабочува мобилните иновации со серијата Galaxy S25, која носи интегрирана вештачка интелигенција (ВИ) и ја редефинира технологијата на паметни телефони. Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra не се само уреди, туку вистински ВИ придружници што ја преобразуваат секојдневната употреба на технологијата преку мултимодални способности, персонализирани искуства и природни интеракции.
Ново ниво на Galaxy AI
Со најновиот интерфејс One UI 7, овие телефони создаваат интуитивно искуство, прилагодувајќи се на вашите навики и контекст преку моќната анализа на податоци и обрасци. Функцијата Now Brief обезбедува корисни предлози засновани на вашите активности, додека Now Bar ви дава брз пристап до најважните информации, како што се временски прогнози, спортски резултати, вести или навигација.
Интеграцијата на ВИ е дополнително изразена преку функцијата Gemini, која овозможува извршување на комплексни задачи со едноставен гест. Без потреба за префрлање помеѓу апликации, Galaxy S25 овозможува генерирање резимеа на видеа, организирање настани или пребарување фотографии во галерија, и сето тоа со висока контекстуална свесност, препознавајќи ја содржината на екранот и автоматски предлагајќи следни чекори, како што се одговарање на пораки, зачувување важни податоци или споделување содржина.
Серијата Galaxy S25 го поставува новиот стандард за перформанси и иновации со интегрираната вештачка интелигенција, благодарение на оптимизираниот чип Quallcomm Snapdragon® 8 Elite за Galaxy. Овој ексклузивен процесор на Samsung ја зголемува моќта на AI за 40%, овозможувајќи попрецизно управување со задачите, побрзо извршување на процесите и значително подобрена енергетска ефикасност. Ова ја поддржува интуитивноста и перформансите на уредот, овозможувајќи напредните ВИ функции да работат со минимално влијание на батеријата.
Ексклузивните технологии како Pro Scaler и mDNIe значително го подобруваат квалитетот на екранот, со 40% попрецизна обработка на слики, што резултира во појасни и позадоволувачки визуелни доживувања. Овие иновации се витални за функционалности како генеративното уредување, каде ВИ користи обработени слики и видеа за да создаде природни и професионални резултати.
Samsung исто така ги поместува границите на мобилната фотографија со новата ултра-широка камера од 50 MP, која овозможува неверојатна јасност на сликите, доловувајќи четири пати повеќе детали отколку претходната генерација. Вештачката интелигенција ја оптимизира сликата и во услови на слаба осветленост, преку функцијата Spatio Temporal Filter, која ја подобрува острина и намалува шумот за совршени фотографии во сите услови. 10-битното HDR снимање обезбедува богатство на бои, четирипати повеќе од стандардните 8-битни HDR снимки, што ги прави видеата појасни и живописни.
За креаторите на содржина, Galaxy S25 носи напредни алатки како Audio Eraser, кој автоматски ги елиминира несаканите звуци од видеата, Galaxy Log за професионално оценување на боите во снимките, како и алатката Virtual Aperture која е интегрирана во популарниот режим Expert RAW и ја контролира длабочината на полето за мобилно искуство налик на DSLR. Функцијата Portrait Studio дозволува креирање на аватари со реални изрази, додека новите филтри додаваат филмска естетика на фотографиите и видеата. Овие интуитивни функции за уредување го прават процесот на креирање професионални видеа и фотографии полесен и достапен дури и за аматерите, овозможувајќи им да креираат висококвалитетна содржина со минимален напор.
Врвен дизајн, издржливост и одржливост
Со најновата серија Galaxy S25, Samsung поставува нови стандарди за мобилни уреди, комбинирајќи елеганција, иновација и одржливост во едно. Galaxy S25 Ultra се истакнува како најтенкиот и најлесниот модел во серијата, со 15% потенок профил и елегантно заоблени рабови. Овој уред е создаден од титаниум и новиот Corning® Gorilla® Armor 2 материјал, кој нуди врвна издржливост против падови, гребнатини и удари. Дополнително, иновативните материјали како керамика и антирефлективна обвивка ја подобруваат и естетиката и трајноста на телефонот.
Достапен во четири премиум бои – титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива – Galaxy S25 Ultra ја рефлектира софистицираноста и премиум квалитетот кој го очекувате од Samsung. Овој модел го надополнуваат Galaxy S25+ и стандардниот Galaxy S25, кои се одликуваат со тоа што користат рециклирани материјали во секоја надворешна компонента, вклучувајќи метална рамка изработена од рециклиран оклопен алуминиум. Овие модели ќе бидат достапни во темносина, сребрена, ледено сина и ментол зелена боја.
Посветеноста на одржливоста се потврдува преку користењето на рециклирани материјали, вклучувајќи стакло, алуминиум, пластика, и батерии со 50% рециклиран кобалт. Оваа стратегија на Samsung ја намалува еколошката трага на уредите и ги комбинира со напредни иновации кои ги задоволуваат потребите на современите корисници.
Galaxy S25 серијата не само што носи исклучителен дизајн, туку и докажува дека естетиката, перформансите и издржливоста можат да се интегрираат во совршено мобилно искуство. Со овие нови модели, Samsung продолжува да биде лидер на пазарот, поставувајќи нови стандарди за иднината на мобилните уреди.
Уредите од најновата серија Galaxy S25 веќе се достапни за нарачка. Бидете чекор пред сите и нарачајте го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra веднаш.