Новиот кориснички интерфејс носи подобрувања базирани на вештачка интелигенција (AI), кои ги прават секојдневните интеракции повеќе осмислени и поинтуитивни
Samsung Electronics најави дека официјалното воведување на One UI 7 ќе започне на 7 април1, претставувајќи храбар нов дизајн за поголема персонализација и контрола на корисничкото искуство. One UI 7 претставува нов интерфејс осмислен за вештачка интелигенција (AI), кој им помага на корисниците да комуницираат со нивните Galaxy уреди поприродно од кога било порано. Ажурирањето прво ќе биде достапно за серијата Galaxy S24 и моделите Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, по што постепено ќе стане достапно и за повеќе Galaxy паметни телефони и таблети.
Храбар нов дизајн за поголема персонализација
One UI 7 доаѓа со едноставен, впечатлив и емотивен дизајн, нудејќи им на корисниците на Galaxy уредите едноставно и усогласено корисничко искуство. Поедноставениот почетен екран, редизајнираните One UI виџети и екранот за заклучување им овозможуваат на корисниците интуитивно и лесно да ги прилагодуваат своите уреди.
За дополнителна удобност, функцијата Now Bar(1) обезбедува најнови податоци во реално време директно на екранот за заклучување. Така, додека корисниците се на утринско трчање, тие можат едноставно да ја проверат својата моментална активност или да видат која песна ја слушаат на нивните Galaxy Buds – сето тоа со едноставно повлекување со прстот, без отклучување на телефонот.
Паметни AI-функции за поинтуитивно искуство
One UI 7 носи напредни функции базирани на AI, кои им помагаат на корисниците да бидат попродуктивни и покреативни во секојдневната употреба.
Со Galaxy AI, корисниците можат да ги поедностават секојдневните задачи, минимизирајќи ја потребата од префрлање помеѓу апликации. Функцијата AI Select(2) интуитивно препорачува содржини според контекстот. На пример, корисникот може едноставно да повлече со прстот преку Edge панелот и да кликне на иконата „AI Select“ додека гледа видео, за да го зачува како GIF-датотека. Функцијата Помош при пишување (Writing Assist)(3) пак овозможува корисниците лесно да сумираат или автоматски да форматираат содржини во кои текстот може да биде избран.
One UI 7 овозможува и едноставно уредување што им дава поголема креативна контрола и слобода на корисниците. Функцијата Помош при цртање (Drawing Assist)(4) помага идеите полесно да се реализираат на повеќе различни начини на внесување содржина, вклучително комбинации од текстуални инструкции, слики или скици. Функцијата Audio Eraser(5) пак го прави напредното уредување достапно за сите, овозможувајќи изолација на одредени категории на звуци и лесно отстранување на несакана бучава од видеата.
Со подлабоката интеграција на Google Gemini(1), контролата на уредот станува лесна како разговор со пријател. Доволно е само подолго да го држите страничното копче и да кажете: „Најди ми во близина италијански ресторани со надворешна тераса кои дозволуваат домашни миленици.“ Gemini веднаш ќе понуди препораки во една беспрекорна интеракција.
Функцијата за природно пребарување на говор(2) се проширува и во Поставките (Settings), овозможувајќи едноставно прилагодување на преференциите. Корисниците може само да ги отворат поставките и да кажат „Очите ми се уморни,“ по што веднаш ќе добијат препораки како прилагодување на осветленоста или вклучување на функцијата Eye comfort shield.
Достапност
One UI 7 официјално ќе се воведе од 7 април, а во наредните недели(3) ќе стане достапно на повеќе Galaxy паметни телефони и таблети, вклучувајќи ја серијата Galaxy S24, Galaxy S24 FE, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, Galaxy Z Fold5 и Z Flip5, како и сериите таблети Galaxy Tab S10 и Galaxy Tab S9.
За повеќе информации, посетете ги страниците: Samsung Newsroom, Samsungmobilepress.com и Samsung.com.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
***
1) Достапноста може да варира во зависност од пазарот.
2) Достапноста на функциите поддржани во апликациите може да варира во зависност од земјата. Одредени функционални виџети може да бараат мрежно поврзување и/или најава на сметката на Samsung.
3) Резултатите може да варираат во зависност од моделот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Потребна е интернет-конекција и најава на сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да варира според земјата, јазикот или моделот на уредот. Достапноста на поддржани јазици може да варира. Одредени јазици може да бараат дополнително преземање на јазичен пакет.
4) Функцијата Помош при пишување (Writing Assist) е достапна за сериите Galaxy S24, Galaxy S24 FE, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, Galaxy Z Fold5 и Z Flip5, како и сериите таблети Galaxy Tab S10 и Galaxy Tab S9.
5) Функцијата Помош при цртање (Drawing Assist) е достапна за сериите Galaxy S24, Galaxy S24 FE, серијата Galaxy S23, Galaxy S23 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, Galaxy Z Fold5 и Z Flip5, како и сериите таблети Galaxy Tab S10 и Galaxy Tab S9. Потребно е мрежно поврзување и најава на сметката на Samsung. При зачувување, генерираната слика содржи видлив воден жиг што означува дека сликата е создадена со помош на вештачка интелигенција (AI). Точноста и сигурноста на генерираната содржина не се гарантирани.
6) Функцијата Audio Eraser е достапна за сериите Galaxy S24, Galaxy S24 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, како и за серијата таблети Galaxy Tab S10. Резултатите може да варираат од видео до видео, во зависност од тоа како се присутни звуците во снимката. Потребна е најава на сметката на Samsung. Може да бидат детектирани одредени типови звуци, како гласови, музика, ветер, природни звуци, толпа и шумови. Реалната детекција на звуците може да варира според аудио изворот и состојбата на видеото. Точноста на резултатите не е гарантирана.
7) Потребно е интернет-поврзување и компатибилен оперативен систем. Достапноста може да варира во зависност од уредот, земјата и јазикот.
8) Моментално поддржаните јазици вклучуваат корејски, англиски, германски, француски, италијански, шпански, кинески, јапонски и португалски. Достапно за сериите Galaxy S24, Galaxy S24 FE, Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, како и серијата таблети Galaxy Tab S10. Точноста на резултатите не е гарантирана.
9) Достапноста и времето на воведување може да варираат во зависност од пазарот.