Самсунг (Samsung) во соработка со компанијата Окулус (Okulus) на овогодинешниот Светски Саем за Мобилна Технологија (MWC – Mobile World Congress) во Барселона го претстави новиот Samsung Gear VR уред со управувач. Унапредениот Samsung Gear VR со управувач го проширува екосистемот за виртуелна реалност на Самсунг, кој на корисникот му овозможува едноставно и збогатено Gear VR искуство.
За оптимална забава и практичност, управувачот има прилагоден дизајн кој овозможува контрола со едната рака и унапредена интеракција на движењата со минимално движење на главата.
Управувачот обезбедува разновидност на движењето на корисниците. Touchpad овозможува брза селекција и интеракција со VR апликацијата, овозможувајќи различни движења како што се прикажување, повлекување и испуштање, поместување или пукање.
Новиот Gear VR овозможува помалку движења затоа што копчињата кои се наоѓаат на управувачот се лесно достапни на корисникот и овозможуваат во потполност препуштање на содржината.
Исто така, новиот уред овозможува сигурно држење на управувачот. Дури и за време на динамичните движења, лентата прицврстена за рачниот зглоб овозможува управувачот да биде сигурно поставен на раката на корисникот, што го прави играњето поудобно.
„Самсунг е фокусиран на поставување нови и надминување на постоечките VR искуства, правејќи ги уште подостапни и носејќи уште поквалитетно корисничко доживување.“, изјави УХ Ли (YH Lee), Извршен Потпретседател за Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс, и додаде: „Gear VR уредот со управувач го проширува нашиот екосистем на виртуелна реалност овозможувајќи им на корисниците уште понапредно и поцелосно искуство, без разлика дали станува збор за играњето на игри или гледањето на видео содржини.“
За богато искуство при гледањето, Gear VR уредот со управувач нуди 42-милиметарски објектив, видно поле од 101° (FOV) и технологија за напредни корекции на искривените слики за најнизок степен на појава на мачнини во текот на возењето. Samsung Gear VR уредот со управувач поддржува и micro USB и USB port од тип “C“ со внатрешен конвертер. Уредот Gear VR има ременче на слушалките кои го држи управувачот кога не се користи.
Новиот Samsung Gear VR уред е компитабилен со телефоните Galaxy S7, S7 edge, Note5, S6 edge+, S6 и S6 edge.