И покрај ограничените алатки достапни во неговото време, брилијантноста на Леонардо да Винчи продолжува да се слави 500 години подоцна. Но, замислете само што би можел да постигне славниот уметник со фотографија, софтвер за уредување слики и паметен телефон?
Тоа прашање си го поставија од технолошкиот гигант Samsung и дадоа одговор во форма на краток филм кој го прикажува „Леонардо да Винчи“ како го користи нивниот нов паметен телефон на преклоп Galaxy Z Fold4.
Во спотот, создаден со помош на агенцијата Ogilvy New York, го гледаме славниот ренесансен мајстор во ситуација на недостиг на инспирација. Тој потоа ги остава својата палета и четка и во рацете го зема паметниот телефон на преклоп, кој што скоро моментално му носи инспирација и невидени способности за мултитаскинг.
Уметникот има можност да листа низ различни идеи, пред да го подели својот екран и да почне да црта директно на неговиот дисплеј. Тој потоа гледа видео и во еден момент го забележува совршеното држење на телото за неговиот нов проект: Витрувијанскиот човек – еден од најпознатите цртежи на сите времиња!