Следејќи ги стапките на Apple и нивните кратки филмови снимени на iPhone, јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung се здружи со Marvel Studios за да сними краток филм за натприродниот лик Локи, и тоа целосно со помош на телефонот Samsung Galaxy S23 Ultra.
Краткиот филм насловен “All Hail Loki” се совпаѓа со актуелното емитување на втората сезона од серијалот Loki, достапна на стриминг сервисот Disney+. Специјалното кинематографско дело го режираше Касра Фарахани, која исто така режираше една епизода од серијалот.
Филмот на Samsung и Marvel ја раскажува приказната за агентот на Time Variance Authority кој тргнува во потрага да го лоцира недостижниот „Бог на бељите“. Опремен со Samsung Galaxy S23 Ultra, агентот ги користи напредните функции на телефонот за да патува низ времето и да открие каде се наоѓа Локи.
Како дополнителен бонус на кампањата, клиентите кои ќе купат Samsung Galaxy S23 Ultra можат да уживаат во бесплатна 12-месечна претплата на стриминг сервисот.