Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics неодамна беше именуван како омилен бренд во Азија, титула која ја држи веќе девет години по ред.
Истражувањето било спроведено од агенциите за истражување на пазарот Campaign Asia-Pacific и Nielsen, врз примерок од 8.400 луѓе во 14 азиски држави. Листата од топ 10 омилени брендови, покрај Samsung на врвот, ја сочинуваат уште и Apple, Panasonic, LG, Nestle, Sony, Nike, Chanel, Google и Philips.
Samsung бил избран како омилен бренд во повеќе категории, вклучувајќи „најдобар технолошки бренд за домашни уреди“, „најдобар бренд за паметни телефони“, „најмоќен бренд“ и „најодржлив бренд во Азија“.
Според истражувањето, клучна улога во успехот на Samsung има нивното постојано инвестирање во иновациите, како и корпоративните “outreach” активности, како што се едукациските (Samsung Innovation Campus) и волонтерски програми (Samsung Love and Care) на брендот.