Вистински тајминг.
Клучен елемент на кој многу често забораваме во маркетинг миксот или новите маркетинг кампањи и кој има огромно влијание дали тоа што го планираме и правиме ќе успее или не.
Умешноста да се препознае вистински тајминг за било каква активност е таа што ги дели добрите од одличните.
Дали Недела попладне е вистински тајминг за овој текст, или пак сега е време да пишуваме за некоја одлична идеја/кампања, некој фестивал, некое превирање на маркетинг пазарот, некое окрупнување/распарчување или пак за некоја нова агенција, некое преземање на повеќе компании, некој одличен ПР настап, некое недолично професионално однесување, некое пазарење, некое клизачко напаѓање на клиенти, некој добиен тендер, некоја распределба на ти го-дај ми го.. или не… веројатно ја определува позицијата на нашиот продукт (во случајов сајтов) на пазарот.
Истото е и со било кој друг продукт.
Одлуките кои ги правиме во однос на тајмингот се круцијални за големината на успехот или неуспехот.
Од Самсунг сето ова го знаат перфектно добро. Доказ е нивниот огромен раст во изминативе 4-5 години на пазарот на мобилни телефони.
Деновиве уште еднаш не потсетија што е тоа добар тајминг.
Го искористија целиот тој buzz околу Предизвикот со полевањето со ладна вода (ALS Ice Bucket Challenge) да го промовираат својот најнов Galaxy S5 смартфон.
Во видео кое трае само 15 секунди, смартфон од кој се слуша женски глас и самиот се претставува како Samsung Galaxy S5 го прифаќа предизвикот, се полева во вода, дава вообичаен коментар после полевањето (значи и го преживеа предизвикот) и следно ги номинира (предизвикува) новите модели на iPhone и Nokia Lumina.
Во овие 2 дена видеото има околу 1 милион и 800 илјади прегледи што е одличен старт на кампањата за промоција на новиот модел, пластично презнтирајќи една карактеристика (отпорност на вода) и зголемувајќи го buzz-от со тоа што ги предизвикува своите најголеми конкуренти да го направат истото.
Добар тајминг на Самсунг, одличен !