На настанот World of Samsung се прикажа како вештачката интелигенција, интегрирана во палетата производи на Samsung за 2025 година, го подобрува секојдневниот живот
Samsung Electronics, лидер во развојот на поврзаните уреди, на 18 март во Франкфурт го организираше настанот World of Samsung. Настанот ги истакна најновите иновации на Samsung поттикнати од вештачката интелигенција во телевизорите, аудио уредите, паметните домови, дигиталните уреди, гејмингот и мобилните уреди, демонстрирајќи како вештачката интелигенција ја трансформира технологијата во беспрекорно продолжение на секојдневниот живот.

„Посветени сме на тоа сите уреди кои ги користите да бидат уште попаметни и поповрзани“, изјави Бенџамин Браун (Benjamin Braun), маркетинг директор на Samsung Electronics за Европа. „World of Samsung не е само можност за претставување на производи, ова е прилика да покажеме како вештачката интелигенција навистина може да го подобри секојдневниот живот. Без разлика дали станува збор за Vision AI, којa ги оптимизира поставките на вашиот телевизор за најдобро гледачко и аудио искуство или за AI во мобилните телефони и домашните уреди, кои се прилагодуваат на вашите навики, ние покажуваме како технологијата може да биде полична и поопиплива од кога било досега.“
Во присуство на голем број медиуми и партнери, World of Samsung понуди искуство при кое во живо можеше да се испробаат најновите AI иновации, покажувајќи дека поврзаниот дом на иднината веќе не е само концепт, туку реалност. Од забава и продуктивност до безгрижна секојдневна практичност, Samsung го редефинира начинот на кој корисниците комуницираат со технологијата, на начин кој е значаен, но и прилагоден на нивниот единствен стил на живеење.
Трансформација на домашната забава
Веќе 19 години по ред, Samsung е глобален лидер[1] меѓу ТВ брендовите, постојано поместувајќи ги границите на иновацијата за да понуди врвен квалитет на слика и напредни AI можности. Дополнително, Samsung е веќе 11 години водечки бренд за soundbar-звучници[2], обезбедувајќи извонредно аудио искуство кое совршено ги надополнува врвните екрани на компанијата.
Samsung верува дека секој гледач заслужува екран прилагоден на неговиот простор и стил на живеење, па затоа во 2025 година нуди кинематографско искуство на гледање на различни големини на екрани; од 43 до импресивни 100 инчи – без компромис во квалитетот.
Линијата телевизори на Samsung за 2025 година носи нова ера на слика и звук засилени со вештачка интелигенција. Најновите Neo QLED, OLED и QLED модели ги обединуваат напредните AI технологии за да го редефинираат начинот на кој ја доживуваме содржината. На пример, функцијата AI Picture Optimizer ја подобрува секоја сцена во реално време, користејќи длабоко учење (Deep Learning) за интелигентно прилагодување на осветлувањето, контрастот и боите, овозможувајќи пореалистично и поживописно искуство при гледањето.
Во меѓувреме, функцијата Color Booster Pro, која се базира на вистинската технологија на квантни точки на Samsung, го проширува спектарот на бои за побогати и повпечатливи прикази. Како лидер во иновациите на екраните, Samsung користи ултра-фини полуспроводнички честички за постигнување врвна прецизност на боите и осветлувањето. Од пионерското воведување на еколошки прифатливите екрани со квантни точки без кадмиум во 2015 година, компанијата постојано поставува нови стандарди во индустријата. Благодарение на употребата на квантните точки од индиум, QLED и QD-OLED екраните на Samsung обезбедуваат извонредна чистота на боите и неверојатно реалистични визуелни ефекти.
За љубителите на уметноста, Samsung ја претстави својата најголема Art Store досега, со над 3.000 уметнички дела од 70 светски познати музеи и институции, достапни на сите QLED, Neo QLED и The Frame модели од 2025 година.
Во согласност со својата посветеност кон дигиталната уметност, Samsung дополнително ја проширува соработката со Art Basel, носејќи уметност со музејски квалитет директно во домовите на корисниците. Покрај тоа, технологијата Q-Symphony овозможува беспрекорно поврзување на до три поддржани звучници со телевизорот, создавајќи моќно кинематографско и аудио искуство. Освен врвните визуелни ефекти, Samsung се грижи телевизорите да останат паметни и безбедни со години, нудејќи 7 години ажурирања на One UI Tizen, поддржани од безбедносната платформа Samsung Knox Matrix.
Samsung го редефинира и гејминг искуството со AI иновации. Од режимот AI Auto Game Mode, кој ги оптимизира визуелните поставки и времето на одговор за натпреварувачко играње, до Samsung Gaming Hub, кој овозможува непречен пристап до водечките cloud gaming услуги. Наскоро во Европа пристигнува и Odyssey OLED G8, првиот 27” 4K OLED гејминг монитор во светот, со ултра-висока густина на пиксели од 166 ppi и стапка на освежување од 240 Hz за неверојатни детали и флуидност во играта. Исто така, наскоро ќе биде достапен и 49″ Dual QHD Odyssey G9 со импресивно време на одговор од 1ms и 1000R закривен екран, овозможувајќи уште подлабоко и поинтензивно гејминг искуство.
AI Home: Паметен дом, беспрекорно поврзан
На World of Samsung беше прикажано како Samsung ја воведува напредната вештачка интелигенција во срцето на домот преку најновите Bespoke AI уреди и SmartThings екосистемот. Со SmartThings како централен дел на овој екосистем, Samsung продолжува да го унапредува режимот AI Energy Mode, помагајќи им на корисниците да ги намалат трошоците за електрична енергија – било тоа преку полнење на Jet Bot AI правосмукалката за време на пониските тарифи или перење на помали количини алишта на пониски температури, додека истовремено се автоматизираат секојдневните домашни обврски. Без разлика дали станува збор за оптимизирање на потрошувачката на енергија, обезбедување увид во состојбата на домот во реално време, или подобрување на секојдневните рутини, AI решенијата на Samsung го редефинираат концептот на поврзан дом.
Ера на забрзани мобилни искуства
Во центарот на World of Samsung беше Galaxy S25 серијата, означувајќи нова ера на паметни телефони управувани од вештачка интелигенција. Со Galaxy AI, Samsung ги прави секојдневните задачи побрзи, попаметни и поинтуитивни – било преку функцијата Превод во живо (Live Translate), која овозможува беспрекорен превод на повици во реално време, или преку Генеративно уредување (Generative Edit) и Помош при цртање (Drawing Assist), кои овозможуваат креативност во уредувањето на фотографии засилена со AI.
Дополнително, функцијата Now Bar им овозможува на корисниците брз и лесен преглед на известувањата за пораки, настаните во календарот и други важни информации, директно од заклучениот екран. Иновациите на Samsung во мобилната технологија ја надминуваат границата на индивидуалните уреди, беспрекорно интегрирајќи ги во екосистемот управуван од вештачка интелигенција. Со SmartThings Home Insight, корисниците можат да следат сѐ – од благосостојбата на нивниот миленик преку JetBot правосмукалката, до потрошувачката на енергија во нивниот дом – директно од нивниот Galaxy уред.
За повеќе информации за Samsung производите подобрени со AI, посетете ја веб-страницата Samsung.com/mk.
За Samsung Electronics Samsung
го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
***