Новата револуционерна правосмукалка, претставена на глобалниот настан на Samsung, е подготвена за светскиот пазар
Samsung Electronics го најави глобалното лансирање на моќната безжична stick правосмукалка[1] – Bespoke AI Jet Ultra, којa овој месец беше претставенa на настанот Welcome to Bespoke AI. Опременa со унапреден режим на чистење AI Cleaning Mode 2.0 и напреден HEPA систем за филтрација, оваа најнова иновација ја потврдува лидерската позиција на Samsung во областа на уредите за чистење на паметниот дом.
„Samsung го потврди следното ниво на иновации во сегментот на безжични stick правосмукалки со претставувањето на овој моќен модел“, изјави Џанг Сунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој на дигитални уреди во компанијата Samsung Electronics. „Ослонувајќи се на претходните достигнувања со Bespoke Jet AI, која беше првата безжична stick правосмукалка базирана на вештачка интелигенција со UL-сертификат[2], сигурни сме дека овој нов модел ќе донесе значајни промени на глобалниот пазар.“
Детално чистење со најмоќна сила на вшмукување во светот
Bespoke AI Jet Ultra се одликува со сила на вшмукување од дури 400 W[3], овозможувајќи отстранување дури и на најтврдокорната нечистотија. HexaJet моторот е клучната компонента што ја овозможува оваа импресивна сила. Неговата единствена хексагонална структура на статорот, во комбинација со потенок двофазен дифузер и турбина, го подобрува протокот на воздух и ја зголемува ефикасноста на моторот. Покрај тоа, моторот овозможува и до 100 минути работа со едно полнење на батеријата при користење на Min режимот[4], овозможувајќи им на корисниците да ја исчистат целата куќа без прекини.
Интелигентна поддршка при чистењето со AI Cleaning Mode 2.0
Bespoke AI Jet Ultra исто така го воведува унапредениот режим на работа AI Cleaning Mode 2.0[5]. Со регистрирање на оптоварувањето на четката и притисокот на воздухот за вшмукување, овој режим може да разликува шест различни средини[6] за чистење преку Samsung AI Optimum Tech процесорската единица и автоматски да ги прилагодува перформансите на чистење. Кога ја користи Active Dual четката, уредот може да препознае дали се работи за тепих со нормални или долги влакна. Првосмукалката, исто така, ги регистрира ќошињата[7] благодарение на четката Slim LED Brush+. Со прилагодување на силата на вшмукување и брзината на четката[8] според различните услови во просторот, правосмукалката поефикасно ја користи електричната енергија, што резултира со намалена потрошувачка на батеријата за 21% и зголемено маневрирање за 8%, а притоа ги задржува перформансите слични на Mid режимот на работа. [9]
Напреден HEPA систем за филтрација
Како дополнување на ова моќно и интелигентно искуство, Samsung го унапреди системот за филтрација со цел честичките прашина да останат задржани при излезот на воздухот од правосмукалката. Bespoke AI Jet Ultra има повеќеслоен систем за филтрација кој ефикасно ги задржува фините честички[10]. Кога воздухот влегува, внатрешните делови како што се циклонскиот и металниот мрежест филтер последователно ги задржуваат честичките прашина, што овозможува ефикасност на филтрацијата од 99,999 проценти. [11]
Друга значајна предност е тоа што Samsung примени HEPA филтрација во својот повеќеслоен систем. Со оваа технологија, Bespoke AI Jet Ultra задржува честички прашина со големина од само 0,3 µm, со што значително се намалува количината на прашина[12] што се враќа во воздухот.
Паметни решенија за полесен живот
Изберете паметно, купете уреди Bespoke AI во претпродажба и може да добиете Galaxy Tab S9 FE или Galaxy Tab A9+ како подарок.
Промоцијата важи од 31.3.2025 година до 7.4.2025 година.
Пристигнаа паметните решенија! Вие треба само да ги препознаете, изберете и да си го поедноставите секојдневието. Се разбира, сите што ќе го направат тоа во претпродажба ќе добијат вреден подарок.
Од 31 март до 7 април 2025 година, Samsung нуди ексклузивни подароци за купени избрани уреди. Не пропуштајте ја шансата да купите иновативни уреди од нашиот асортиман Bespoke AI и да го збогатите својот дом со неверојатни можности.
Ако го купите фрижидерот Bespoke AI Family Hub во претпродажба, добивате подарок Galaxy Tab S9 FE. Исто така, ако купите машина за перење WF90F или stick правосмукалка Jet, како подарок го добивате Galaxy Tab A9+.
За да го остварите правото на овие фантастични подароци, само регистрирајте го купеното најдоцна до 30 април 2025 година на страницата на Samsung.
Промоцијата важи кај продажните партнери на Samsung наведени во правилата на промоцијата, кои самостојно ја одредуваат малопродажната цена. Подетални информации за енергетската ефикасност, целосниот список со вклучени производи и условите за достава може да добиете на на страницата на Samsung.
Изберете паметни решенија за поедноставен живот со Samsung Bespoke AI.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
***
[1] Врз основа на тестирање спроведено од страна на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8, користејќи рачна правосмукалка (без четка) во Jet режим на работа. Резултатите се споредени со модели на безжични правосмукалки достапни на пазарот со наведена сила на вшмукување во рамки на 30 проценти од реалната сила на вшмукување на Samsung моделот тестиран од SLG. Врз основа на податоците за продажба помеѓу јануари 2024 и јуни 2024 година, собрани од независен институт за истражување на пазарот.
[2] Во мај 2023 година, беше првата безжична stick правосмукалка што доби AI-сертификат од водечката независна организација во областа на науката за безбедностa – UL Solutions.
[3] Врз основа на тестирање спроведено од SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8. Мерењата се направени на влезот на немоторизиран алат, кога садот е празен, при користење на Jet режим и целосно наполнета батерија со голем капацитет. Ваквите перформанси траат до 1 минута.
[4] Наведеното време на работа се однесува на користење батерија со голем капацитет (3970 mAh) при минимално ниво на моќност и со приклучен немоторизиран алат. Резултатите може да варираат во зависност од реалната употреба.
[5] Ажурираните функции на режимот AI Cleaning Mode 2.0 можат да се активираат по регистрација на рачната правосмукалка во апликацијата SmartThings. Работењето на овој режим може да биде ограничено во одредени услови, како што се исклученост на All-in-one Clean Station базата од струја, нестабилна Wi-Fi конекција или слаба Bluetooth поврзаност помеѓу правосмукалката и базата. Доколку AI Cleaning Mode 2.0 често не функционира правилно, се препорачува преместување на All-in-one Clean Station во простор без пречки во близина. За да се овозможат континуирани ажурирања на функциите, корисниците треба постојано да го одржуваат Wi-Fi сигналот вклучен во домот.
[6] На способноста за утврдување на различни средини за чистење, како и на времето потребно за промена на поставките, можат да влијаат условите во околината.
[7] Препознавањето на ќошиња и подни лајсни функционира само во средини со тврди подови. „Ќоше“ се однесува на област каде што се спојуваат два рамни и затворени ѕида. Силата на вшмукување се зголемува приближно 2 до 3,5 секунди откако четката ќе се притисне до ѕидот. Доколку четката допира само една страна од ќошето или постои празнина во ќошето, можно е таа површина да не биде препознаена како ќоше. Точноста на препознавањето и брзината на реакција може да зависат од формата на ѕидовите и од реалната околина во која се користи уредот.
[8] Брзината на ротација на четката (rpm) може да се прилагодува само кога се користи Active Dual четката.
[9] Врз основа на интерно тестирање со користење на четката Slim LED Brush+, во согласност со глобалниот просечен сооднос на состав на подови – дрвени подови 76% и теписи 24%. Уредот постигнува исти перформанси на чистење како во Mid режимот, со разлика од 2% или помалку во ефикасноста на чистење, согласно стандардите IEC 62885-2 Cl. 5.1 и 5.4. Потрошувачката на батерија е измерена врз основа на реалната количина потрошена енергија додека правосмукалката се користи 35 минути по целосно полнење на батеријата. Маневарските способности се засновани на реални измерени вредности согласно стандардот IEC 62885-2 Cl. 7.3.9. Резултатите можат да варираат во зависност од вистинските услови на употреба.
[10] Се однесува на честички прашина со големина од 0,5 до 4,2 µm..
[11] Врз основа на интерно тестирање, спроведено во согласност со стандардот IEC 62885-2 Cl. 5.11, при користење на Jet режим на работа. Резултатите може да варираат во зависност од реалната потреба.
[12] Врз основа на тестирања спроведени од SGS-IBR Laboratories, во согласност со стандардот ASTM F3150, при користење на Jet режим на работа. Резултатите може да варираат во зависност од реалната употреба. Споредбата е направена со модел без HEPA филтер и се однесува на честички прашина со големина од 0,3 µm или поголеми.