За новиот S8 модел- телефон кој треба да го замени Note 7 моделот —брендот се подготвува со најголемото лансирање во историјата на Велика Британија со најголемиот смартфон на светот.
Samsung во истражување спроведено на примерок од 2,500 Британци откри кои глетки најмногу ги сакаат Британците. Станува збор за избор на локации како Saint Ives, Stonehenge, Snowdon и London—во кои ќе се постави огромна рамка на моделот S8.
Во соработка со Matthew Cattell, прогласен за најдобар фотограф на пејзажи во Велика Британија за 2016, поставен ќе биде џиновски телефон на 20 различни места низ државата и овозможено ќе им биде на луѓето да експериментираат со самите глетки.
Паметниот телефон е голем 7 х 3 метри и ќе се појави на 20 најубави места за фотографии на глетки низ државата во периодот од Април до Мај. На средината на самиот екран е поставено “play” копче со цел да се имитира Infinity Display (‘’бесконечниот дисплеј’’) кој е главна одлика на новиот уред.
Извор: AdWeek