Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung ја лансираше својата нова глобална огласувачка кампања создаден со цел промоција на паметните телефони од серијата Galaxy S24, кои што функционираат со помош на вештачка интелигенција.
Кампањата насловена “Enter the New Era of Mobile AI” („Влезете во новата ера на мобилната вештачка интелигенција“) се состои од серија на видеоспотови во кои се претставуваат и илустрираат различните нови функции кои што телефоните од серијата Galaxy S24 им ги нудат на корисниците, и тоа благодарение на вештачката интелигенција.
Покрај спотовите кои ќе се емитуваат на телевизија и разни онлајн канали, кампањата ќе биде проследена со надворешни и дигитални реклами, како и разни активности на социјалните мрежи.
„Самсунг воведува нова ера на мобилна вештачка интелигенција со лансирањето на серијата Galaxy S24, што ги прави секојдневните искуства поепски. Од креативност која предизвикува вчудоневиденост, до комуникација без бариери, има ли подобар начин да се прикажат различните начини на кои Galaxy AI поттикнува нови можности отколку со лансирање на повеќеслојна глобална кампања?“ – вели Соња Чанг, потпретседател на Samsung Electronics.
Кампањата е осмислена во соработка со креативната агенција BBH Singapore, а ќе се спроведува на глобално ниво со помош на повеќе продукциски компании и партнерски агенции од различни земји.
Погледнете дел од креираните видеоспотови во продолжение: