Покрај истражувачките центри во Кореја и САД, Самсунг ќе има пет центри за вештачка интелигенција ширум светот посветени на истражување на целосниот потенцијал на оваа технологија
Научниот центар на Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) за истражување и развој на продукти – “Samsung Research” ги објави своите планови за воспоставување на три Центри за вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI) кои ќе бидат лоцирани во Кембриџ (Велика Британија), Торонто (Канада) и Москва (Русија). Центрите ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на Компанијата и истражување на потенцијалот на вештачката интелигенција наменета за корисниците.
Истражувачкиот центар на Самсунг – “Samsung Research“ ги предводеше најновите чекори кои беа превземени со цел проширување на глобалните истражувачки способности во полето на вештачката интелигенција за Компанијата Самсунг Електроникс, и ја фокусираше својата експертиза во ова поле со отворање на новите Центри за вештачка интелигенција (АИ). “Samsung Research” исто така го надгледуваше процесот на креирање на новите Центри за вештачка интелигенција во Сеул (Кореа) минатиот ноември и во Силиконската Долина (Америка) во јануари. Со отворањето на трите нови центри, “Samsung Research“ ќе биде оперативен со вкупно пет Центри за вештачка интелигенција ширум светот.
Исто така, преку обезбедување на глобални експерти за вештачка интелигенција, “Samsung Research“ планира да го прошири својот број на напредни истражувачи во областа на вештачката интелигенција на вкупно околу 1.000 истражувачи на глобално ниво до 2020 година.
“Самсунг има долга историја на потрага по иновации и возбудени сме да ја доведеме истата страст и лидерство во доменот на технологијата во областа на вештачката интелигенција. Со новите Центри за вештачка интелигенција и регрутацијата на водечки експерти од оваа област, наша цел е да бидеме поттикнувачи на промени во индустријата со вештачка интелигенција.” – изјави Хјун-сук Ким (Hyun-suk Kim), Претседател и Раководител на истражувањето на “Samsung Research“ во рамки на церемонијата за отворање на новиот Центар за вештачка интелигенција во Кембриџ.
Најголемите талентите од полето на вештачката интелигенција ќе помагаат при раководењето со новите центри
Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Кембриџ ќе биде предводен од Андреј Блејк (Andrew Blake), поранешен Директор на Лабораторијата на Компанијата Мајкрософт во Кембриџ и пионер во развојот на теоријата и алгоритмите кои можат да овозможат компјутерите да се однесуваат како машини кои гледаат. Преку соработката на истакнати експерти од областа, како што е професорот Маја Пантиќ (Maja Pantic) од Империал Колеџ, Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Кембриџ ќе игра клучна улога во напредното истражување на вештачката интелигенција за “Samsung Research“.
“Овој нов центар ја означува нашата посветеност за унапредување на вештачката интелигенција. Нашите истражувања ќе ни помогнат подобро да го разбереме човечкото однесување, додека истражуваме области како што е препознавање на емоции со што и понатаму ќе ги прошируваме границите на комуникација ориентирана кон корисниците за да развиеме технологии за вештачка интелигенција кои во крајна линија ќе го подобрат животот на луѓето.” –изјави Ендру Блејк.
Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Торонто ќе биде предводен од д-р Лари Хек (Larry Heck), постар Потпретседател на “Samsung Research America“ (SRA) и експерт за виртуелни лични асистентски технологии, а воедно и Директор на “SRA“ Центарот за вештачка интелигенција. Центарот за вештачка интелигенција во Торонто ќе ги зајакне своите истражувачки напори во основните АИ технологии со стратешка соработка со главните универзитети во Канада.
Се очекува Центарот за вештачка интелигенција на Самсунг во Москва да се темели на руската експертиза по математика, физика и другите фундаментални науки. Во овој центар е планирано да се вклучат водечки експерти за вештачка интелигенција, како професорот Димитриј Ветров (Висока школа за економија) и професорот Виктор Лемпицки (Институт за наука и технологија, Сколково) кои ќе ги водат истражувањата за алгоритмите во Центарот за вештачка интелигенција.
Во својата визија за вештачка интелигенција, Самсунг се фокусира на пет основни аспекти во текот на спроведувањето на своите истражувања. Тие вклучуваат вештачка интелигенција што е “фокусирана на корисниците” – преку остварување на персонализација по пат на мултимодален интерфејс; “константно учење” – преку континуирано самостојно учење од податоци; “секогаш овде” – како амбиентална услуга; “секогаш корисно” – со минимизирање на корисничката интервенција и одговор на барањата; и “секогаш безбеден” – обезбедувајќи безбедност на корисниците и приватност. Со фокус на овие пет основни аспекти, новите Центри за вештачка интелигенција ќе ги искористат најсовремените истражувачки средини заедно со регионалните предности на истражувачите за да го подигнат на ново ниво потенцијалот на Самсунг за вештачка интелигенција.
Преку тековните иницијативи, вклучувајќи го и Форумот за вештачка интелигенција одржан минатата година, Самсунг остварува блиска соработка со реномирани научници за вештачка интелигенција во подготовките за поставување на истражувачки бази низ експертските области. Самсунг ќе продолжи да ги проширува областите на експертиза и технологија низ целиот свет, вклучувајќи го и особено важниот источен дел на Соединетите Американски Држави.
Во наредните години, уредите за Интернет на Нештата (Internet of Things – IoT) во кои има вградено вештачка интелигенција ќе генерираат широк спектар на податоци кои можат да обезбедат фасцинантни согледувања за животот на корисниците, овозможувајќи им да ги искористат предностите на интелигентните услуги оптимизирани за нивните лични преференци и однесувања. Уредите со вештачка интелигенција ќе овозможат на потрошувачите да имаат најоптимизирани опции кои ќе бидат од клучно значење за успехот на технологијата за вештачка интелигенција во блиска иднина. За да обезбеди екосистем за корисниците, Самсунг има за цел да изгради платформа за вештачка интелигенција под заедничка конструкција која не само што ќе се зголемува брзо, туку и ќе овозможи длабинско сфаќање и разбирање на контекстот и однесувањето, со што вештачката интелигенција ќе стане порелевантна и покорисна.
За повеќе детали за “Samsung Research“ и глобалните Центри за вештачка интелигенција, посетете ја официјалната веб-страница на “Samsung Research“ на http://research.samsung.com .