Технолошкиот гигант Samsung лансираше нова две-минутна забавна реклама составена од надреални сцени и весела музичка нумера.
Спотот насловен “Life Opens Up With Galaxy” ја промовира „отвореноста“ кон животот и најразличните начини на кои паметните уреди (пред сé оние новите на превиткување) на луѓето им помагаат во живеењето на поисполнет и поедноствен живот.
Главни ѕвезди во рекламата се еден маж и една жена кои двајцата добиваат по една минута во фокусот за да танцуваат и пеат заедно со пингвини, џиновска мачка, вонземјани, на месечината итн.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden & Kennedy Amsterdam и продукциската куќа Iconoclast.