Технолошкиот гигант Samsung продолжува со промоцијата на своите нови телефони на преклоп со ласнирањето на рекламниот спот “Join the Flip Side” (буквално “Придружете се на преклопната страна”; преносно “Придружете се на другата страна”).
Рекламата има за цел да ги сруши предрасудите за стагнацијата во светот на технолошките иновации и да ги предизвика традиционалните очекувања за формата и дизајнот на паметните телефони.
Претставувајќи го телефонот како еден начин да бидете понапред од вашите пријатели во технолошката сфера, спотот се фокусира на една жена која е толку маѓепсана од новиот Samsung Galaxy Z Flip 4 на нејзината пријателка, што секојдневните примери на преклопување во светот околу неа добиваат сосем ново значење.
Всушност, кампањата се обидува да ги поттикне потрошувачите да ја напуштат удобноста на статус квото и да го прифатат непознатото.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy Amsterdam, а ќе се емитува на пазарите во Северна Америка и Европа.