Samsung го пронајде вистинскиот начин да го промовира лансирањето на нов телефон и неговите интересни карактеристики во Стокхолм, Шведска, прикажувајќи ги неговите способности точно на аголот од една улица.
Новиот Samsung Galaxy S6 edge+ е веќе во продажба и брендот бараше начин како да ја претстави функцијата – нотификации во живо на работ од телефонот. Како можете да ја промовирате оваа функција на најмалку очекуваниот начин? Адвертајзинг агенцијата DDB Stockholm заедно со продукцијата на Stopp го пронајдоа.
Тие одлучија да постават дигитален билборд на преполн агол од една улица во Стокхолм кој би служел како нотификациски систем. Билбордот ги охрабруваше луѓето да ‘погледнат зад работ со информациски стрим’ и на тој начин кампањате се фокусираше на рабовите и на елементот на изненадување кој го вклучија: ‘рабовите се забавни, никогаш не знаете што има зад аголот’.
Секој кој помина по аголот на улицата беше изненаден кога го забележа дигиталниот билборд кој магично ја наоѓа погодната фраза. Нотификации како ‘Внимавај, велосипед на патот!’ и ‘Се надеваме дека сакате кучиња’ се појавуваа на екранот, а луѓето запираа и се обидуваа да откријат како функционира целата работа. Дури имаше и нотификации за возачите кои барале место за паркинг, или информации за времето – многу корисно!
Инспирацијата за сите интересни (и корисни) пораки е заслуга на еден уреднички тим кој се наоѓаше во едно блиско кафуле, праќајки ги вистинските пораки од листата на претходно подготвени за секоја една ситуација.
Функцијата за нотификации во живо на работ од телефонот изгледа интересна сама по себе, но замислете го ефектот на една ваква промотивна кампања во Стокхолм, со луѓе вчудоневидени од идејата за ‘кул’ и нотификации во живо, кои се распрашуваа за деталите околу концептот. Ова е уште еден успешен случај на ‘мислење out-of-the-box’ во маркетингот и создавање на реклами кои се поразлични и уникатни, на начин кој ќе им се допадне на посакуваната публика. Амбиенталниот адвертајзинг не секогаш е лесен, но кога е направен како што треа, води до импресивни резултатит за брендот и адвертајзинг агенцијата која се осмелува да биде креативна!