Американската банка Capital One лансираше нова кампањат во пресрет на одигрувањето на кошаркарскиот турнир „Мартовско лудило“ помеѓу тимовите во втората по ранг Дивизија 1 на американската кошарка, почнувајќи од денес 14 март до 3 април 2023 година.
Кампањата се состои од серија хумористични спотови во кои се појавуваат голем број на ѕвезди од американскиот спорт, кинематографија и музика, и тоа: актерите Семјуел Л. Џексон и Џенифер Гарднер, кинематографот Спајк Ли, кошаркарските легенди Чарлс Баркли и Меџик Џонсон, музичката кантри-легенда Вили Нелсон и спортскиот коментатор Џим Нантс.
Сите спотови имаат различна приказна, но во суштина ја следат истата формула: познатите личности се наоѓаат во разни пријателски ситуации проткаени со хумор, хипербола, па и надреалност – но секогаш тука да пофалат некоја финансиска понуда на Capital One.
Покрај спотовите, кампањата на Capital One ќе вклучува и различни онлајн и офлајн активации и активности, вклучувајќи и натпревар за корисниците на ТикТок.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција GSD&M и агенцијата за односи со јавноста Raven.