Овогодинешната празнична кампања на германскиот авромобилски бренд BMW, насловена „The Gift“ („Подарокот“), ја раскажува емотивната приказна за едно дете које сака да ѝ донесе посебна радост на својата сакана баба. Прекрасно изработениот филм во центарот на кампањата нагласува како радоста на возењето ги поврзува генерациите.
Приказната започнува со прошетка низ празнично украсениот центар на некој град. Детето и неговите родители се во потрага по совршениот Божиќен подарок за неговата баба. И покрај нивните традиционални предлози, 7-годишниот Тим самоуверено ги отфрла сите.
Конечно, детето го забележува идеалниот подарок во еден излог – подарок што ќе им донесе огромна радост нему и на неговата баба. Иако првично колебливи, неговите родители сепак решаваат да им веруваат на инстинктите на нивниот син.
На Бадник, опкружена од семејството, бабата на Тим конечно го отвора џиновскиот пакет и во него наоѓа помошно автомобилско седиште за нејзиниот внук. Веднаш, и двајцата знаат што треба да се прави – да уживаат во незаборавно возење со бабиниот класичен автомобил BMW 1500. Во суштина, радоста е најскапоцениот подарок, а радоста од заедничкото возење ги поврзува генерациите.
Шармантната празнична реклама ја нагласува основната вредност на BMW – „Радоста на возењето“ (“Joy of Driving”). Снимен во Виена, краткиот филм е проследен со празничниот хит „Christmas in Hollis“ на иконичната хип-хоп група Run-D.M.C.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Jung von Matt и продукциската компанија Hochkant.