Србија во последните десет години е на самиот врв на земјите по зголемување на бројот на вработени во ИТ индустријата. Голем број компании и поединци ја започнаа оваа приказна од нула, верувајќи во својата визија. Еден од нив е Саша Поповиќ, ко-основач и извршен директор на VEGA IT, кој оваа година ја доби наградата „Vision Manager“.
Признанието „PRO PR Infigo Awards“ му припадна на Ненад Даниловиќ, основачот и главен уредник на порталот www.advertiser-serbia.com. Како што е наведено во образложението, преку медиумски натписи тие ја промовираат и пишуваат за комуникациската индустрија, со што даваат поддршка на оваа индустрија, создавајќи дополнителни вредности.
На иницијатива на организацискиот одбор годинава за прв пат ќе биде доделено признанието „PRO PR Globe Entrepreneur Awards“. Тоа е наменето за поединци кои во областа на своето делување создале препознатлива таргетирана стручна деловна перцепција, не се премногу видливи за светската јавност, но се познати на целните групи. Благодарение на тоа што со своите способности и знаење создале комуникациска стратегија која станала забележлива во нивната индустрија, а со самото тоа се позиционирале и привлекле капитал. Оваа награда му припадна на Кит Рајан, основач и извршен директор на Scanquo од Велика Британија.
Општина Голубац е годинешниот добитник на наградата „Vision City“ која се доделува на град кој благодарение на приказните создава позитивен публицитет за дестинацијата и земјата. Голубац е општина која го зголемува рејтингот на Србија во туризмот, бројот на домашни и странски посетители, како и бројот на добри приказни кои растат од година во година.
Признанието „Transparency in Communication“ според правилникот се доделува за исклучителен придонес во транспарентноста и пристапноста. За прв пат во 2019 година, оваа награда ја доби Хрватската заедница на жупании за транспарентен буџет кој им овозможи на граѓаните да добијат увид во јавната потрошувачка. Признанието годинава оди во рацете на Националната академија за јавна администрација на Република Србија, која од првиот ден на својата работа ја поттикнува важноста на едукацијата за вработените во јавната администрација со акцент на односите со јавноста. Тие создаваат најсовремени методологии во едукацијата, поврзувајќи ги меѓународните експерти, домашните експерти и знаењето на поединците кои работат во јавната администрација.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 15 март во хотелот Mona Plaza во Белград. На церемонијата ќе бидат врачени и наградите за останатите 25 победници кои доаѓаат од 15 земји. Основачот и претседател на организацискиот одбор Данијел Колетиќ најави дека во рамки на овогодинешното доделување награди ќе биде претставен и нов концепт.