Amazon ја објави својата нова Super Bowl реклама за гласовниот асистент Alexa, во која главни ѕвезди се актерката Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг, комичарот Колин Џост.
Преку низа хумористични и незгодни ситуации, рекламата прикажува како би било доколку гласовниот асистент е истовремено и способен да чита умови. Меѓутоа, после сето замислено, Јохансон и Џост доаѓаат до заклучок дека читањето умови и не е баш феноменално како што звучи.
Имено, според пораката на рекламата, Alexa е веќе доволно развиена и софистицирана, што „читањето умови“ би било чекор предалеку.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Lucky Generals.