Во свет воден од итноста и динамичноста, брендот на безалкохолни пијалаци Schweppes нè поканува да застанеме и да уживаме во моментот – исто како што уживаме во неговите уникатни вкусови.
Новата реклама ја следи Ава, астронаут на мисија кон Марс. Додека човештвото го задржува здивот и со нетрпение го очекува нејзиниот прв чекор на Црвената планета, таа избира да застане, да отвори Schweppes и да ужива во моментот. Неочекуван гест кој се претвора во смела порака: навистина значајните моменти заслужуваат уживање.
„Нашата стратегија? Да го направиме Schweppes најпосакуваниот бренд во својата категорија за својата основна целна публика, возрасни над 35 години, преку пораката: „Одвојте време“ (“Take your time”). Се работи за инспиративен слоган во време кога сè се движи брзо, совршено усогласено со нашите сложени, интензивни и горчливи вкусови… во кои треба да уживаме“ – истакнуваат од брендот.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција TBWA\Paris и продукциските студија Ridley Scott Associates и Wilders. Видеоспотот е режиран од Сузана Вајт.