Почнувајќи од денес, 8 февруари 2023 година, секој работен ден на официјалниот Facebook профил на BalCannes ќе се откриваат нови финалисти меѓу рекордниот број пријавени проекти на овој регионален натпревар, а само најдобрите меѓу нив ќе добијат статуетки на „Денови на комуникациите“.
Овогодинешното издание на регионалниот натпревар BalCannes уште еднаш го обединува најдоброто од најдобрите кога станува збор за агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија и го слави духот на овие простори. Од година во година, BalCannes ја наградува креативноста и оригиналноста што опстојуваат и покрај бројните предизвици на пазарот. Сите етаблирани агенции, како и оние кои штотуку се пробиваат на креативната сцена, уште еднаш добија можност да покажат на какви проекти напорно работеа изминатата година.
А, оние кои се истакнаа меѓу нив и го освоија статусот на финалисти, ќе имаме можност да ги гледаме веќе од 8 февруари 2023 година на Facebook профилот на BalCannes, каде секој ден од понеделник до петок ќе се откриваат по два проекти-финалисти – и така сè до Март! Ве молиме имајте предвид, финалистите ќе бидат објавени по азбучен редослед по име на проектот, затоа не пропуштајте ги вестите и следете го BalCannes на Facebook.
Потсетуваме дека стручните жири-комисии на огласувачите и агенциите веќе ги избраа најдобрите меѓу рекордниот број пријавени проекти, повеќе од 180 од нив, при што категоријата Општествена одговорност сочинува речиси 25% од апликациите. Додека се подготвуваме за прогласувањето на финалистите, жирито составено од експерти од професионалните медиуми од регионот одлучува за добитникот на BalCannes Editor’s Pick Award!
Добитниците на оваа награда, како и најдобрите меѓу финалистите објавени на Facebook профилот на BalCannes, ќе ги добијат наградите на BalCannes и ќе бидат прогласени на церемонијата на доделување награди на новото издание на „Денови на комуникациите“, што ќе се одржи во Ровињ од 20 до 23 април 2023 година.