Американската компанија за играчки Hasbro ја лансираше својата нова мултинационална кампања за друштвената игра Монопол (Monopoly), насловена „All Is Fair“ („Сѐ е фер“).
Кампањата ја слави уникатната динамика на Монопол, како игра во која играчите поптолно можат да го изразат својот внатрешен „безмилосен капиталист“ и да станат „магнат со недвижности“ користејќи бескомпромисни тактики. Всушност, се работи за игра која ги претвора дури и најдобрите пријтели и грижливи роднини во жестоки конкуренти, но сѐ во име на забавата и стратегијата!
Токму тоа го илустриаат неколкуте спотови кои се продуцирани како дел од кампањата, а ќе се емитуваат на повеќе платформи – вклучувајќи телевизија, стриминг сервиси, поткасти и социјални мрежи.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција The Martin Agency, дел од мрежата на Interpublic Group.