„Знаење кое можеш да го искористиш“ е слоганот на првиот ARK Regional Branding Symposium во организација на BEA – Branding Experts Association. Единствениот говорник на осумчасовниот интерактивен симпозиум е најголемиот светски бренд експерт, соработникот на Филип Котлер, Мартин Линдстром. Симпозиумот ќе се одржи во сабота, 12-ти мај, во 11 часот во Opera&House Madlenianum (Главна 32, Земун, Белград) со максимално 500 избрани делегати од регионот. Говорникот ќе дава консултации преку интеракција со публиката.
Настанот во Белград кој е обележан и на сајтот на овај признат и почитуван стручњак не само во областа на брендирањето, туку и невромаркетингот, медиумски е поддржан од бројни реномирани институции од сферата на бизнисот, над 50 печатени, онлајн и телевизиски медиуми. Како дел од нивниот интензивен работен распоред, доаѓањето на Мартин се најде и во планерите на препознатливите регионални експерти за интернет и брендирање.
На овој интерактивен настан, делегатите низ четири динамични блокови на предавања ќе ги води лично Мартин Линдстром, преку единствен процес кој со години го усовршувал и успешно го применувал во практиката. Во текот на 8 часа, делегатите ќе имаат ексклузивното право да го научат процесот, да зборуваат лично со светскиот експерт, да добијат (бесплатно) совети за тоа како да го унапредат нивното работење и да добијат примерок од неговата најнова книга увезена од САД. На делегатите, исто така, ќе им биде овозможено да ги испратат своите проблеми во работењето или студии на случај пред настанот, така што експертот ќе избере неколку и ќе ги обработи на самиот настан. Говорникот обично го споделува ова знаење во рамките на in house семинари, затоа ова е единствена можност за маркетинг експертите од регионот да добијат совет “директно од изворот”.
Повеќе од 300 делегати од регионот го потврдија своето учество. Апликациите траат до 9 мај на www.arksymposium.com.
Подетални информации за самата пријава и за настанот се достапни на сајтот на ARK Branding Symposium (http://arksymposium.com/), а настанот во Белград може да се види и на мапата на сајтот на Мартин Линдстром (https://www.martinlindstrom.com/travel-map/).