Без разлика дали сте веќе етаблирана агенција или штотуку започнувате со градење на вашето име на креативната сцена, BalCannes е совршена можност да ги претставите вашите најдобри проекти и да докажете зошто заслужувате внимание. Овој регионален натпревар за креативност ги собира најдобрите од Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Србија, славејќи ја иновативноста и креативноста на регионот.
Апликациите за BalCannes 2025 се отворени до 30 јануари, а за секоја трета апликација, апликантите добиваат по една бесплатна апликација. Од оваа година, BalCannes носи посебен поттик и за новите учесници – бесплатна прва апликација за нови апликанти, односно за агенции кои не пријавиле проект во последните две години. Искористете ја оваа можност и презентирајте ги вашите проекти пред стручните жири-комисии составени од претставници на агенциите, огласувачите и медиумите.
На натпреварот може да се пријават целосни, интегрирани кампањи, но исто така и поединечни, уникатни делови во рамките на една кампања кои претставуваат единствена идеја имплементирана во текот на двегодишниот квалификациски период од 20 јануари 2023 година до 20 јануари 2025 година.
Важно е да се напомене дека проектите оваа година можат да се натпреваруваат во три групи категории: „Market Mosaic“, „Design Mosaic“ и „Positive Change Mosaic“. Можете да аплицирате со еден проект повеќе пати, односно да го поднесете во повеќе категории во сите три групи.
Сите информации за натпреварот се достапни на официјалната веб-страница на фестивалот Денови на комуникациите. Искористете ја оваа можност и станете дел од регионалната креативна елита!