White Square е престижен светски фестивал за креативност, со натпревари кои го покриваат целиот спектар на индустријата за комуникации. Секоја година над илјада пријавени од повеќе од четириесет земји, вклучително и европски земји, земји од регионот на Блискиот Исток, Северна Африка, Евроазија, Латинска Америка, САД, Кина и други, учествуваат на фестивалот White Square, претставувајќи ги своите светли идеи, креативни и ефективни решенија имплементирани од агенции и брендови.
Конкурсот за пријавување проекти на фестивалот White Square 2025 е отворен, а крајниот рок трае до 28 април 2025. Процесот на пријавување се одвива целосно онлајн.
Вашите проекти можете да ги пријавите во 247 категории т.е. номинации, кои што секоја година се ажурираат во согласност со актуелните трендови и тенденции на глобалната комуникациска индустрија, групирани во осум натпреварувачки групи: „CREATIVE“, „BRANDING“, „DIGITAL“, „MEDIA“, „MARKETING SERVICES“, „MARKETING EFFECTIVENESS“, „CRAFT“ и „MASS MEDIA“.
Во жирито на фестивалот White Square 2025 учествуваат успешни личности од повеќе од 45 земји, искусни професионалци, жирирачи на престижни фестивали за креативност ширум светот со бројни награди и висока експертиза во областа на креативноста и ефикасноста. Пријавените проекти ќе бидат оценувани од шест меѓународни жири-состави: „Creative“, „Branding“, „Marketing & Digital“, „Media“, „Craft“ и „Mass Media“.
Наградите на фестивалот White Square се високо ценети низ целиот свет, а победничките проекти се широко покриени во бројни индустриски масовни медиуми. Публикациите придонесуваат за промоција на агенциите и најдобрите креативни идеи во меѓународната заедница, поттикнувајќи ја размената на искуство и инспирација меѓу индустриските професионалци од различни земји.
За да пријавите проект, да се запознаете со достапните натпреварувачки категории и техничките услови, посетете ја официјалната веб-страница на фестивалот White Square.