Светот на комуникациите се менува побрзо од било кога а трката да останете пред дигиталните трендови е се по-конкурентна !
Друштвото за односи со јавноста на Србија (ДСОЈ) на 13-ти и 14-ти ноември на Факултетот за драмски уметности во Белград је рганизира седмата меѓународна конференција PRilika 2015 под наслов “Фати добар ПРавец“. Цел на овогодишната конференција ПРилика е да понуди единствени одговори на актуелните прашања од професијата, како успешно да се соочиме со промените и како да бидеме во чекор со трендовите.
На овогодинешната конференција, ДСОЈ ќе угости реномирани предавачи од Европа и регионот, а покрај останатите и водечките меѓународни комуникациски стручњаци какви што се Yogesha Joshia, претседателката на ABCI, проф. Jose Cordeira од универзитетот Singularity и Bernadeta Gutman од Уницеф Женева
На ПРилика учесниците ќе можат да слушнат и некои од успешните регионални и домашни стручњаци во областа на комуникациите како што е Daniel Koletic, CEO на Априори комуникации Хрватска, Gordana Bekic-Pjescic, советник во Канцеларијата за соработка со цивилното општество на Владата на република Србија; Rajkо Sebek, PR директор во Електростопанство на Црна Гора, Dejan Randzic, директор на агенцијата DNA Communications и проф. др. Vesna Damjanovic од Факултетот за организациони науки.
Предвидено е во склоп на конференцијата да се одржат две предавања, осум студии на случај од Србија и регионот и две панел дискусии.
Членовите на сродните здруженија од земјите од регионот (Хрватска, Словенија, БиХ) – плаќаат цена како и членовите на DSOJ , а на основа на Протоколот за регионална соработка, додека пак членовите на останатите бизнис асоцијации во регионот добиваат одобрен попуст на котизацијата, во висина од 10%.
Повеќе информации во врска со конференцијата може да се погледната на сајтот на ДСОЈ www.pr.org.rs или можете директно да ги контактирате организаторите на drustvo@pr.org.rs