Новото истражување на институтот на Ројтерс за студии по новинарство покажа дека корисниците се` помалку го користат Фејсбук за споделување на вести, а се` повеќе за приватни пораки.
Употребата на Фејсбук за споделување на вести опаѓа, бидејќи корисниците се свесни дека многу дезинформации се шират на оваа социјална мрежа.
За намалената употреба на оваа мрежа за вести во новиот извештај на Институтот на Ројтерс за студии по новинарство, се наведуваат повеќе причини, како што се губење на приватноста и страв од критики поради изнесените ставови.
Издавачите всушност имаат корист од намалувањето на употребата на Фејсбук, се наведува во извештајот, бидејќи корисниците се` повеќе користат апликации за приватни пораки за пренесување на вести, како WhatsApp и Messenger.
“Корисниците ќе откријат некоја вест на платформата и најчесто прават скриншот и ја испраќаат преку апликацијата за пораки со цел да дискутираат во помали групи – што е ново и различно однесување”, вели Ник Њуман, истражувач од Институтот на Ројтерс.
Учесниците во истражувањето рекоа дека споделувањето и дискутирањето во помали, затворени групи им овозможува побезбеден разговор.
Њуман верува дека Фејсбук е на тест – дали ќе се обиде да направи исчекор во ангажманот на корисниците или не.