Се чини дека Фејсбук е најранлив во случај на раст на Амазон, поради постојаната контроверзност со безбедноста на корисничките податоци
Моментално Амазон е релативно мал играч во дигиталното огласување, но е веројатно дека ова ќе се промени во наредните неколку години, бидејќи едно ново истражување на топ закупци на дигиталните медиуми се покажа дека истите до 2020 година двојно да ги зголемат своите буџети во реклами на овај онлајн малопродажен гигант.
Според извештајот Recode, инвестициската банка Cowen испитала 50 истакнати закупувачи на реклами во САД кон крајот на декември, кои предвидувале дека уделот во нивните буџети за дигитално огласување на Амазон ќе биде двојно зголемен од 6% во 2018 година на 12% до 2020 година.
Овие испитаници, кои заедно контролираат околу 14 милијарди долари во закуп на дигитални реклами во САД, исто така, посочија дека Фејсбук би можел да изгуби 3% од уделот на пазарот во текот на истиот период, иако се очекува дека вложувањето на Инстаграм (кој е во сопственост на Фејсбук) да се зголеми за 2%.
Се очекува дека и Google и YouTube, ќе претрпат скромни загуби на уделот на пазарот, иако се чини дека Фејсбук е најранлив поради постојаната загриженост за приватноста и безбедноста на корисничките податоци.
Според извештајот од Cowen, испитаниците во анкетата го рангираа Амазон на третото место по поврат на инвестициите, после пребарувачите Google и Bing, а Амазон се повеќе ги привлекува заради единствената можност на директно поврзување на рекламите со вистинските купувања на оваа страница.
Аналитичарот на Cowen, Џон Блекејџ, проценува дека приходите од продажба на дигитални реклами на Амазон ќе достигнат 13,7 милијарди долари оваа година, што е за 56% повеќе од минатата година и дека до 2024 година ќе се зголемат на 43,2 милијарди долари.
Од друга страна, уште еден извор на приходи им дава на Амазон причина за оптимизам. Овај гигант за е-трговија минатата недела објави дека лансирале бесплатна услуга за видео стриминг.
Поддржан целосно со реклами, IMDb Freedive е лансиран минатиот четврток во САД, овозможувајќи им на корисниците бесплатно да гледаат филмови и ТВ-емисии на IMDb веб-страницата, односно на сите Amazon Fire TV уреди.
Услугата е достапна само преку лаптоп или десктоп компјутери, но IMDb најави дека ќе ги следи повратните информации од корисниците и наскоро ќе ја направи достапна за пошироката јавноста, вклучувајќи и преку мобилните апликации на IMDb.
извор: WARC