Изминатиот викенд во Скопје се оддржа првиот Google семинар во Македонија, еден од ретките настани за кој картите беа распродадени на цел месец пред неговото оддржување.
Повеќе од 80 делегати на настанот имаа можност да се дружат со дел од водечките македонски специјалисти за маркетинг, андроид и гугл и да научат нешто повеќе за трендовите кои ќе го предводат online-бизнисот во наредните години.
Настанот свечено беше отворен од заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска која ги поздрави присутните и посака ваквиот вид на едукации да продолжат и во иднина.
Прв предавач кој ги отвори сесиите беше маркетинг директорот на SunWireless, Борис Ефтимовски кој зборуваше на тема “Google-најголем светски ad seller и HotZone Адвертајзингот како форма на мобилен маркетинг“ при што се осврна на најважнте трендови во дигиталниот адвертајзинг и каде е Google во сето тоа, зборуваше и за тоа кои се клучните адвертајзинг сервиси на Google и трендови во развојот на мобилниот маркетинг при што подетално се осврна на тоа како паметното огласување на хотспотови (HotZone Advertising) може да биде вистинска огласувачка инвестиција за таргетирање на клиентите.
После, Борис, свое обраќање имаше и Виктор Стојановски (Зуберот) кој се осврна на темата Андроид апликации и што корисниците очекуваат да добијат од нив, презентирајќи пример од практично искуство како се создава заедница околу една апликација и како таа треба да се негува. Следна на сцената беше Ива Дујак која своето предавање го оддржа на тема : Користење на Google + за промоција, при што презентираше повеќе практични совети како да се промовира со Google+ и сите негови специфичности.
Свое предавање оддржа и Филип Младеновски од httpool, кој зборуваше на темата “Колку македонските брендови користат Google како алтернативен канал за огласување?“при што подетално се осврна на најважната алатка за огласување преку Google – AdWords и моменталната ситуација на online пазарот во Македонија.
Следни на сцената беа Александар Паунковски и Никола Миноски од G6, кои зборуваа на тема Монетизација на Андроид апликации со Google AdMob и медијацискиот сервис AdMob Mediation односно Имплементација на Google AdMob и медиациски сервис во апликација. На тема “Најдобрите практики на интеграција на Google Adwords и Google Analytics во бизнис стратегиите на компаниите “ зборуваше гостинката од Р.Бугарија, Ивелина Манова ,онлајн маркетинг консултант и коосновач на дигитална агенција Ad Academy – еден од тројцата Google сертифицирани тренери за Бугарија.
Настанот беше затворен со предавањето на Иван Димовски, андроид програмер кој во одличната презентација зборуваше на тема “Тивката доминација на Google над Android “.
Текстот е преземен од Fakulteti.mk