Денеска во Скопје, во Конгресниот центар на Скопски Саем, се оддржа втората Google и Goclick конференција за современ маркетинг на која свои предавања оддржаа г-дин Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic, г-дин Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија и г-дин Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google од Даблин, Р. Ирска.
Конференцијата свечено беше отворена од Министерот за Информатичко општество и администрација на РМ, Г-дин Иво Ивановски кој во пригодното обраќање истакна дека :“Современиот маркетинг, а пред сè интернет маркетингот, претставуваат моќно средство во денешниот свет без кои не може да се замисли општественото општење, водењето на бизнисот и севкупниот развој на една земја. Глобалната компјутерска мрежа, како и развојот на широкопојасниот интернет го поттикнуваат понатамошното ширење на глобалниот пазар, создавајќи една нова економија. Нема да биде погрешно доколку кажеме и дека интернетот денес претставува основа за креирање на еден економски поредок во светот, кој настана како резултат на примената на компјутерските, телекомуникациските и мултимедијалните технологии“
На конференцијата присуствуваа претставници на повеќе од 100 домашни компании кои имаа можност да слушнат одлични предавања на актуелни теми како „Можностите и трендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант“, „Adwords решенија и успешни приказни“, и „Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот“.
Настанот бше поделен во два дела
1. Конференција
– со цел менаџментот на компаниите да се запознае со потенцијалот и можностите кои интернетот ги нуди за похрабро и поефективно пристапување на домашните и странски пазари
2. Работилница (workshop)
– со цел оперативното ниво во компаниите да се запознае со можностите кои интернетот ги нуди во сферата на маркетингот, со поголем акцент на Google и Facebook