Изминатите два дена во Белград, во присуство на над 150 стручњаци од областите на маркетингот и комуникациите од 42 агенции и 38 компании, успешно беше одржано првото издание на регионалниот форум на комуникациски лидери IZAZOV 2015, во организација на порталот Маркетинг мрежа. Преку интерактивна содржина, учесниците имаа прилика да ги дефинираат најголемите предизвици со кои ќе се соочи професијата во 2015 година.
“Исклучително сме задоволни што првиот регионален форум на комуникациски лидери IZAZOV 2015 наиде на вака голем одзив од професионалците, што само го потврдува фактот дека развојот и унапредувањето на пазарот на сите нас ни е исклучително важно. Често зборуваме за предизвиците кои не очекуваат во индустријата на комуникациите и маркетингот а на настанот имавме прилика заедно да дискутираме за тенденциите и начините како предизивиците да се надминат“, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, оновач и уредник на порталот Маркетинг Мрежа.
Централните теми на IZAZOV 2015 беа насочени кон трендовите и интегрираните комуникации, состојбата на пазарот на маркетинг комуникации и медиумите во шесте земји од регионот, како и тендерите за ангажирање на агенциите и компаниите преку интерактивни работилници. Своите студии на случај пред агенциите, ги претставија компаниите Toyota Adria, Henkel Srbija, Microsoft, Knjaz Miloš, Telenor, UniCredit banka, Confluence Property Management (Ušće Shopping Centar), Bambi, Eurobank, хотел Radisson Blu Old Mill и Регистарот на национални интернет домени во Србија.