Германскиот авто-производител Mercedes, поточно неговата подружница за спортски автомобили Mercedes-AMG го лансираше својот прв хибриден модел GT 63 S E.
Меѓутоа, доколку некој сметаше дека хибридните спортски автомобили не се „кул“ бидејќи се премногу тивки, Mercedes и американскиот рапер will.i.am се тука да ве уверат дека новиот автомобил има став кој е „сé освен тивок“.
Во рекламата која наликува на музички спот гледаме како раперот рецитира моќни стихови кои влеваат чувство на самодоверба, всушност воспевајќи ги високите перформанси на автомобилот, неговата моќност, дизајн и стил.
Рекламата е создадена со помош на продукциското студио на британскиот фотограф Rankin.