Доколку барате работа или сакате да ја промените постојната, можеби би требало да обратите посебно внимание на тоа што и како објавувате на своите профили на социјалните мрежи.
Имено, истражувањето спроведено во САД покажа дека дури 70% од работодавците ги проверуваат профилите на своите потенцијални вработени на социјалните мрежи пред да ги повикаат на разговор за работа.
Но, пред да одлучите да ги избришите сите свои профили на социјалните мрежи, би требало да го знаете и ова – повеќе од половина работодавци нема воопшто да ги земат во обзир кандидатите кои немаат профил на социјалните мрежи.
Дури во 30% од компаниите, во одделот за човечки ресурси имаат личност која се занимава со проверување на потенцијалните канадидати на социјалните мрежи.Најмногу се проверуваат информации за нивните квалификации, но и дали кандидатот има професионално онлајн однесување и што другите луѓе објавуваат за кандидатот.
Освен социјалните мрежи, работодавците ги користат и интернет пребарувачите кои можат да им го откријат и она што на социјалните мрежи можеби може да се сокрие.
Така, во повеќето од 50% од случаите е откриена содржина заради која работодавците одлучиле да се откажат од кандидатите. Најчесто се работи за непримерни или провокативни фотографии, видео снимки или информации, но и дискриминаторски коментари. Во дури една третина од случаите, кандидатите кои лошо пишувале за своите претходни работодавци или колеги од работа, не добиле прилика ниту на новата работа.
Загрижува фактот што таквото пребарување открило дека повеќе од четвртина кандидати лажат за своите квалификации или откриле доверливи информации од претходниот работодавач.
Како да се остане на социјалните мрежи и да не се истераат потенцијалните работодавци?
Иако на прв поглед изгледа дека најдобар начин за добивање на работа е да се избрише својот профил на социјалните мрежи, тоа не е вистина.
Имено, повеќе од 44% од работодавците пронашле на профилите на кандидатите, нешто заради кое ги вработале. Пред се`, тоа се професионални квалификации, одлични комуникациски вештини, професионален изглед и креативност. Затоа, наместо да го избришете својот профил, подобро прегледајте ги информациите кои ги споделувате на интернет и „исчистете“ го од непожелните или несоодветните.
Кога ќе ја добиете работа, немојте да се опуштате. Повеќето работодавачи ги проверуваат социјалните мрежи на своите вработени и не гледаат со благонаклонетост на непримерните коментари или фотографии.
И на крајот, пред да објавите нешто на социјалните мрежи, размислете – дали таа фотографија, снимка или статус би ги споделите со стадион полн со луѓе? Ако одговорот е негативен, тогаш не ја објавувајате.